Вака изгледа детенце на магарица и зебра
Неодамна во Италија се родила прекрасната Ипо, мелез од татко зебра и мајка магарица. Овој редок хибрид е познат под името зонки. Во светот постојат различни зеброиди (хибрид од зебра и друг член на коњската фамилија), но случаите како Ипо се многу ретки. Всушност, таа е единственото зонки во цела Италија.
И покрај тоа што бременоста со зонки бебе е најчесто успешна, сепак ретки се случаите на спарување на магаре и зебра. Родителите на Ипо се сретнале во животинско засолниште во Фиренца. Еден ден зебрата Мартин ја прескокнал оградата, упатувајќи се кон магарицата Џада, со која се спарил. Дванаесет месеци подоцна, Џада ја родила неодоливо слатката Ипо, која сега е стара 4 месеци.
Зеброидите како Ипо ги имаат карактеристиките на двата родители (физички и карактерно). Овие ретки суштества во најголем дел го имаат магарешкиот изглед, со нозе во пруги. Најчесто се неплодни, како резултат на одвишниот број хромозоми кои го попречуваат процесот на репродукција. Сè уште не е познато дали Ипо ќе има можност да создаде свое поколение или не, но таа дефинитивно ќе живее здрав и убав живот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.