Урнебесно смешно: Шведска телевизија по грешка ставила превод од детска емисија на политичка дебата
Ретко кога политиката е смешна и интересна. Политичките емисии најчесто се монотони и здодевни. Но, еден шведски телевизиски канал нашол начин да ја направи политичката дебата поинтересна со тоа што по грешка ставил превод од детска емисија. Можете да претпоставите дека резултати се навистина урнебесни!

„Поздрав, земјени суштества.“
Аса Ромсон – Министерка за животна средина
Неочекувано забавната дебата започнува со зборовите на шведската министерка за животна средина која, според преводот, им посакува добредојде на земјените суштества. Потоа, нештата стануваат сѐ почудни и почудни! Погледнете ги фотографиите за да се уверите во тоа и самите…

„Имам два пара чизми, едни црвени и едни жолти.“
Аса Ромсон – Министерка за животна средина

„Кои да ги земам? Ќе ги прашам моите кукли.“
Аса Ромсон – Министерка за животна средина

„Ќе го изградам најубавиот песочен замок во галаксијата!“
Јан Бјорклунд – Поранешен министер за образование

„Игнорирајте ги правилата, сите диносауруси имаат различна форма“
Густав Фридолин – Министер за образование

„Билетите, ве молам. Добро утро, фамилијо Птеранодон!“
Урбан Ахлин – Портпарол на Риксдаг

„Дали ќе патувате под вода денес? – Да!“
Урбан Ахлин – Портпарол на Риксдаг

„Штета што нема воз кој може да патува под вода без шини.“
Стеван Лофвен – Премиер на Шведска

„Најновиот изум: Фантастичен диносауруски воз… подморница!“
Стеван Лофвен – Премиер на Шведска
Доколку случајно ве интересира за кој цртан филм станува збор, можете да погледнете дел од него во продолжение…
Кога сме веќе кај необичните преводи, погледнете ги овие смешни англиски идиоми, чии превод и значење ќе ве насмеат до солзи.