Троловите на интернет се нарциси, психопати и садисти

Троловите на интернет се нарциси, психопати и садисти

Сите сме сретнале трол на интернет. Тоа се луѓето кои влегуваат во дискусија со секого и даваат впечаток дека се тука само за да се караат и да навредат некој. Неговата цел не е конструктивно да учествува во дискусијата, туку да ја растури со тоа што ќе ги вознемири своите соговорници. Постираат навредливи содржини за конкретна личност, исмејуваат, заплашуваат или навредуваат со цел да привлечат внимание и да добијат одговор на кој возвраќаат исто како и што почнале – со навреда.

Троловите на интернет се нарциси, психопати и садисти

И, како што веќе сите претпоставувавме, овие луѓе се ужасни. Група канадски научници се собрале за да видат какви луѓе можат да прават вакви работи и дошле до очекуван заклучок дека се работи за садисти, нарциси и психопати. Тие направиле две онлајн истражувања со над 1.200 луѓе, едно за нивните карактеристики на личноста, а другото за нивниот омилен начин на коментирање на интернет. Дел од нивните одговори биле:

  • Сакам на други да им праќам веб-сајтови со шокирачка содржина заради сеир
  • Сакам да тролам луѓе на форуми или во коментари на веб
  • Уживам да ги сожалувам другите играчи на онлајн игрите
  • Колку е нешто поубаво и почисто, толку е послатко да му се фрли дамка

Резултатите покажале дека кај оние кои преферираат да тролаат зад тастатурата, најизразена е т.н. „мрачна четворка“ на карактеристики на личноста: садизам, макијавелизам, нарцизам и психопатија. Тоа колку тие се разликуваат од останатите говори следниот графички приказ.

Троловите на интернет се нарциси, психопати и садисти

Истражувачите ја нагласуваат врската помеѓу „мрачната четворка“ на лични карактеристики и интернет тролањето со тоа што во својот труд напишале:

„…врските помеѓу садизмот и резултатите добиени според мерилата за Глобална проценка на интернет тролањето е толку силна, што може да се каже дека онлајн троловите се прототип за најобичен садист… И троловите и садистите чувствуваат радост поради вознемиреноста на другите. Садистите сакаат само да се забавуваат… а интернетот е нивното место за забава.“

Затоа, следниот пат кога некој трол ќе ве начека со неговата моќна тастатура, помислете на тоа дека не е до вас, туку тие се навистина тешки луѓе. „Битките“ на интернет се нивната радост, па затоа најдобро е воопшто да не им ја давате таа битка, туку да ги игнорирате.

Троловите на интернет се нарциси, психопати и садисти

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар