Трик за подготвување ориз кој ќе ги скрати неговите калории на половина

Трик за подготвување ориз кој ќе ги скрати неговите калории на половина

Добри новости за љубителите на ориз, отсега ќе можете да се исхранувате уште поздраво. Една нова студија открила дека доколку го подготвувате оризот на одреден начин, вие ќе ги намалите неговите калории и ќе го спречите несаканото качување на тежината.

„Овој процес може да ги намали калориите од 50 до 60 проценти, а со тоа и да им помогне во слабеењето на оние кои редовно го консумираат“, вели авторот на студијата, Судар А. Џејмс.

Трик за подготвување ориз кој ќе ги скрати неговите калории на половина

Во 210 грама бел ориз најчесто има околу 246 калории, додека пак овој метод на готвење ќе ја намали оваа бројка и до 147 калории. Овој метод функционира така што го менува скробот во оризот од лесно сварлив во тешко сварлив, па токму затоа се спречува неговата можност да биде претворен во гликоза и апсорбиран во крвотокот за време на варењето. Џејмс објаснува:

„Откако вашето тело ги претвора јаглехидратите во гликоза, сите остатоци од ова гориво се претвораат во полисахаридни јаглехидрати наречени гликоген. Вашиот црн дроб како и мускулите го зачувуваат гликогенот за енергија и потоа брзо го претвораат повторно во потребната гликоза. Проблемот се појавува кога има премногу гликоза која не се претвора во гликоген и токму затоа настануваат маснотиите, кои водат кон прекумерна телесна тежина.“

За да направите ориз со малку калории, додадете една лажичка кокосово масло во зовриена вода. Потоа додадете 100 грама ориз и мешајте од 20 до 40 минути или сè додека оризот не е целосно сварен. Потоа ставете го во фрижидер на околу 12 часа и ќе добиете ориз со 10 пати поотпорен скроб и со околу 60 пати помалку калории од вообичаено. Овој рецепт е едноставен за подготовка, но сепак се потребни 12 часа за да биде готов. Џејмс продолжува:

„Оладувањето е клучниот дел бидејќи амилозата, растворливиот дел од скробот, останува гранулирана кога оризот природно се оладува. Токму затоа 12-те часа во фрижидер ќе овозможат формирање на јаглеродни врски помеѓу молекулите на амилозата надвор од зрната ориз, што резултира со поотпорен скроб. Процесот завршува тука, токму затоа нема да направите никаква штета доколку повторно го загреете.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар