Траума за цел живот: На децата кои се запоставени мозоците им се помали

Траума за цел живот: На децата кои се запоставени мозоците им се помали

Една од последиците од занемарување и запуштање во најраниот детски развој е побавното развивање на мозокот, што резултира во намалување на неговиот волумен, тврдат британски научници од „Кингс колеџ“.

Траума за цел живот: На децата кои се запоставени мозоците им се помали

Група истражувачи од „Кингс колеџ“ во Лондон го набљудувале развојот на посвоени деца кои раното детство го поминале во пеколот на романските сиропиталишта. Откриено е дека обемот на нивниот мозок е 8,6% помал од просечниот мозок на другите деца.

Тие велат дека тоа е најубедливиот доказ за влијанието на негативните ефекти врз детскиот мозок во развој.

Од поодамна е познато дека злоупотребата и занемарувањето се искуства кои имаат најголемо влијание врз развојот на мозокот на децата. Високото ниво на кортизол, кое се појавува како резултат на изложеноста на стрес, е поврзано со уништувањето на мозочните клетки и нарушување на врските во мозокот.

Емоционалното занемарување е скратување на основните емоционални потреби, како што се утешување или учество во социјалниот живот на детето, како и преголемите очекувања од него кои тоа не може да ги исполни затоа што тоа не е доволно зрело или затоа што таквите ситуации не се безбедни за него.

Романските сиропиталишта

Децата во сиропиталиштата во Романија од крајот на 80-тите најчесто биле многу болни и скоро целосно лишени од физички и психолошки контакт и немале играчки.

Посвоените деца поминале помеѓу две недели и четири години во вакви институции. Претходните студии за децата од овие романски институции кои подоцна биле посвоени од семејства од Велика Британија, покажале дека тие имале проблеми со менталното здравје и во зрелоста.

Некои развиваат симптоми на подвоена личност, други имаат аутизам, некои се со нарушување на вниманието, хиперактивност и дефицит на внимание, како и немање страв од туѓинци.

Најновата британска студија објавена во весникот „Proceedings of the National Academy of Sciencesе“ прва направи скенирање на мозоците на група запуштени деца.

Во истражувањето учествувале 67 романски посвоени деца, а научниците го споредиле развојот на нивните мозоци со развојот на мозоците на 21 посвоено дете кои не биле запоставени во раното детство.

Обемот на мозокот е 8,6% помал

Она што го откриле научниците прилично ги шокирало. Како прво, вкупниот волумен на мозокот кај романските деца бил во просек 8,6% помал од останатите. Второ, колку повеќе време поминувале во романските сиропиталишта толку обемот на нивните мозоци бил помал, според проф. Сонуга-Барк.

Но, влијанието врз различните регии на мозокот не било подеданкво.

Еден од научниците што учествувал во истражувањето, проф. Митул Мехта рекол дека тој и неговите колеги откриле структурни разлики во трите регии од мозокот и во двете групи учесници во студијата.

Овие регии биле поврзани со функциите како: организација, мотивација, примање информации и меморија.

Мехта вели дека овие наоди можат да помогнат во разјаснување на понискиот коефициент на интелигенција и повисоките стапки на АДХД кај возрасни кои систематски биле запоставувани во детството.

Сепак, студијата не можела да открие колку занемарувањето и запуштањето во раното детство влијаат врз развојот на мозокот, што значи дека е многу тешко да се утврди какви се последиците од другите трауми од рана возраст, како што е злоупотребата или тешкиот живот на бегалците.

Професорот Едмунд Сонуга-Барк смета дека студијата е важна затоа што за првпат убедливо укажува на влијанието на раните проблеми во детството врз развојот на мозокот.

Тој вели дека последиците од запуштањето никако не исчезнуваат и се чувствуваат дури и по долгиот период од дваесет години, дури и откако на децата им била обезбедена исклучителна грижа и љубов во семејствата кои ги посвоиле.

Можеби сакате да прочитате и за првото долгорочно истражување кое покажува дека само 2 часа поминати пред екран го оштетуваат детскиот мозок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар