Топлата приказна за неодоливото прасенце на тркала ќе ви покаже дека сите препреки во животот можат да бидат надминати

Топлата приказна за неодоливото прасенце на тркала ќе ви покаже дека сите препреки во животот можат да бидат надминати

Леон Тротски или како што повеќето луѓе го знаат, Прасето на тркала, е мало прасенце кое имало трагична несреќа. Неговата мајка паднала врз него кога сѐ уште бил бебе и сериозно го повредила, оставајќи го без функцијата на задните две нозе. Кога вработените во сиропиталиштето за животни во Австралија го виделе ова неодоливо прасе за прв пат, тие веднаш се заљубиле во него.

Топлата приказна за неодоливото прасенце на тркала ќе ви покаже дека сите препреки во животот можат да бидат надминати

Оваа организацијата работи за да спасува, рехабилитира како и за да наоѓа домови за животните од фарма колку што е можно повеќе. Бидејќи Леон бил многу мал, нешто повеќе од неколку недели кога бил спасен во април, 2014 година, неговите мали коски биле толку меки и кревки што не можел да биде сместен во типична количка која е наменета да го оттргне притисокот од неговите задни нозе.

Топлата приказна за неодоливото прасенце на тркала ќе ви покаже дека сите препреки во животот можат да бидат надминати

 

„Но, неопходноста ги надминува и најголемите животни препреки, па како резултат на тоа во комбинација со храброста на Леон, беше создадена специјална количка која денес му овозможува слободно да се движи, без никакви болки, што му помага во заздравување на неговите повредени нозе“, вели тимот од сиропиталиштето.

Трагичната приказна за Леон Тротски се претвори во топла приказна која ни покажува дека дури и едно мало и беспомошно прасенце може да биде доволно силно да ги надмине сите препреки кои животот му ги приредува.

Топлата приказна за неодоливото прасенце на тркала ќе ви покаже дека сите препреки во животот можат да бидат надминати

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар