Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

Интернетот е дел од нашите животи. Со негова помош доаѓа до раѓање и изумирање на многу нешта. Клучниот збор кој во последно време многу често се поврзува со интернетот е „бесплатно“. Па, како би можеле да се заработат пари од бесплатни работи? Останува на компаниите сами да си откријат начин (како на пример рекламирањето, кое е број еден во таа област), додека пак за останатите – еве неколку работи кои можат да се најдат на интернет бесплатно.

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

1. Меѓуградски разговори

„Да операторе, поврзете ме со Токио. Да, ги прифаќам трошоците.“ Овие зборови се поретко се случуваат по појавата на интернетот. Комуникацијата е бесплатна активност преку социјалните алатки како Ем-ес-ен, имејл, Фејсбук, Скајп… Скајп им дозволува на корисниците и да се јавуваат бесплатно преку услуга, за која исто така не се наплаќа, која дури и Си-ен-ен ја користи за разговор со новинари кои се јавуваат во живо од локацијата каде што снимаат. Покрај говорните повици овие социјални програми ни овозможуваат и видеоповици.

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

2. Веб-адреси

Речиси сите нови музички групи функционираат преку Мајспејс, бесплатно место на кое можат да се објават распоредите на турнеите, да се слушаат нивните песни и да се поврзат со обожавателите. Тоа е најекономичниот и најефективниот начин да се прошири нивната музика. Другиот начин на кој може многу брзо да се рашири бизнис од кој било вид се фан-страниците, групите и индивидуалните профили на Фејсбук. Нема подобар начин на поврзување со јавноста од оној кој самата таа го користи.

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

3. Вести

Уште една индустрија која полека оди во надолна линија се весниците. Телевизијата им го зададе првиот удар, но интернетот дефинитивно моментално има најголема предност во овој „натпревар“. Зошто некој би платил да чита нешто до коешто би можело да се дојде бесплатно и во кое било време?

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

4. Состаноци

Наоѓањето девојка/момче за состанок е исто толку лесно колку и наоѓањето „жешко“ име на Фејсбук. Одењето на состанок е исто толку лесно колку и гледањето телевизија. Трудот и кавалерството не се одлика на помладите генерации. Денешните запознавања се базираат на разговор преку чет и разгледување на интересите на личноста на нејзиниот профил, додека пак излегувањата во ресторан или во кино се својствени само на оние кои се официјално во врска.

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

5. Софтвер

Виндоус, програми, игри – интернетот е главниот извор за бесплатна набавка на овие работи. Почнувајќи од Напстер и Казаа, па сè до најефективните торенти денес, се појавуваа различни програми и игри за кои на луѓето едноставно не им се даваат пари. И покрај секојдневните адаптирања на комапаниите, сепак хакерите наоѓаат начин да ги заобиколат нивните надградби.

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

6. Општи информации

Се сеќавате ли на времето кога онлајн енциклопедиите како Енкарта дозволуваа бесплатно читање само на воведот од статијата? За целосен влез беше потребно плаќање на месечна членарина исто како и во библиотеките, каде што се плаќаше за изнајмување на секоја книга. Денес доволно е да го напишеме она што нè интересира во некој онлајн-пребарувач и пред нас ќе се појават илјадници сајтови кои дозволуваат бесплатно прегледување и користење на нивните содржини.

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

7. Забава за возрасни

Никој повеќе не крие списанија за возрасни во нивните фиоки за чорапи, ниту пак некој оди во дивидитека со ранец и темни наочари за да изнајми филм за возрасна публика. Целосни филмови со добар квалитет кои можат бесплатно да се гледаат се широко распространети на интернет и се одалечени на само едно Гугл-пребарување од нас.

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

8. Телевизиски емисии и серии

Некои едвај легални веб-сајтови (најчесто преку Mегавидео) овозможуваат која било телевизиска емисија или серија да се гледа веднаш по нејзиното емитување и без реклами (секако и без потребата да се плати сметката за услугите на ТВ операторите). За да се адаптираат на овие услови, некои ТВ оператори им дозволуваат на своите корисници пропуштените епизоди да ги гледаат онлајн, без да наплаќаат за тоа.

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

9. Филмови

Многу веб-сајтови дозволуваат бесплатно онлајн-гледање или симнување филмови со многу добар квалитет. Со поврзување на телевизорот на интернет, на само неколку минути од нас се сите досега снимени филмови со вклучен превод на јазик по наш избор. Секако, дома имаме и поголема удобност отколку во кино салите.

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

10. Музика

Најголемо влијание интернетот има врз музичката индустрија. Музичката пиратерија постои повеќе од една декада и со помош на торентите, таа е еден вид невидлив криминал, но имајќи предвид колку е лесно да се „украде“ музика, кој би платил за неа? Дури, Јутјуб на пример, во соработка со Ријл плеер ни овозможува и бесплатно симнување на видео спотовите на песните.

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Катерина Неделкоска Reply

    “Речиси сите нови музички групи функционираат преку Мајспејс, бесплатно место на кое можат да се објават распоредите на турнеите, да се слушаат нивните песни и да се поврзат со обожавателите.”

    Зарем некој сеуште користи Мајспејс?!

    • Михаела Reply

      музичките групи да, а не обицните луѓе како нас 🙂

  2. KT Reply

    Vsusnost Myspace momentalno se koristi samo za muzika i filmovi… Posebno mnogu go koristat bendovite koi probuvaat sami da se probijat – ima i dosta nasi bendovi 🙂

  3. Maca Reply

    Kolku sto znam Windows vo nikoj slucaj ne e besplaten.. dokolku e 🙂 toj e piratski.

  4. Мони Reply

    Се она што ние го гледаме како бесплатно – е пиратско. Во Америка дури и се казнува со закон…кај нас слабо иде таа работа 🙂

  5. znaci Reply

    Значи ништо од наведениве работи не е бесплатно и не треба да биде. На запад све се плаќа а за ваков текст се оди во затвор 🙂

    • Михаела Reply

      Но – ова е Македонија, државата каде што ништо не функционира како што треба.. секој закон се прекршува и никој не одговара поради тоа..

  6. fire Reply

    A luge vie ziveete vo Amerika ili tuka, vo Makedonija? Mislite deka mozete da si gi dozvolite site tie raboti dokolku ne se besplatni? Sosema bi go opravdala toa se da se naplakja, samo dokolku imam sredstva za da platam, kako sekoj prosecen amerikanec 🙂

Остави коментар