Тест: Тоа што прво ќе ви го привлече вниманието открива што ве вознемирува
Перцепцијата на секоја личност е неразделно поврзана со нејзиниот карактер. Она што го забележувате на прв поглед зборува многу за вашите навики и желби, па дури и за скриените стравови. Решете го тестот и дознајте од што се плашите.
Кој предмет прв ви го привлече вниманието?
1. Јаболко
Во многу древни традиции подарувањето јаболко значи изјавување љубов и во многу култури црвеното јаболко е симбол на љубовта и на страста.
Ако овој симбол го привлече вашето внимание, тогаш најверојатно преживувате длабоки романтични искуства и стравувате дека вашите чувства нема да ви бидат возвратени. Можеби е време да го отворите срцето кон саканата личност и да ја дознаете вистината, каква и да е.
2. Дете
Децата се олицетворение на едноставноста, на искреноста и на невиноста. Кога го видовте детето во центарот на илустрацијата, ја поврзавте неговата слика со вашето внатрешно дете.
Можеби во вас останале детските стравови кои опстојуваат и по толку многу години. Тоа може да биде лутина кон некој од семејството, чувство на несигурност или недоверба во сопствените способности. Во секој случај, време е да размислите како да се справите со тие стравови.
3. Кловнови
Фактот дека забележавте еден пар кловнови што се наоѓаат од двете страни на вратата, зборува за двојноста на вашиот карактер, односно за промените во расположението и за внатрешниот конфликт.
Ваквата непредвидливост најчесто е непријатна затоа што понекогаш и самите не знаете како ќе реагирате на настаните. Очигледно, таа неизвесност ве плаши.
4. Пајак
Пајакот се смета за симбол на смртта и на уништувањето, крајот на сè што постои. Ако токму пајакот ви го привлече вниманието, тогаш најверојатно сте во тешка животна ситуација.
Над вас виси некоја закана поради којашто сте напнати и се плашите дека нема да можете да го решите проблемот.
5. Череп
Илустрацијата содржи оптичка илузија и ако веднаш го забележавте черепот, тогаш тоа кажува многу за вас. Веројатно се плашите од смртта и честопати размислувате за тоа, а таа вознемиреност е можеби предизвикана од губење на некоја блиска личност.
Можеби имате и напади на паника. Се разбира, не е потребно вашите искуства да бидат поврзани со смртта, но очигледно нивниот извор го сфаќате како закана дека ќе доживеете неуспех.
Решете го и овој брз психолошки тест и дознајте дали добро или лошо се справувате со стресот.