Тест што може да го измери „црното јадро“ на вашиот карактер

Тест што може да го измери „црното јадро“ на вашиот карактер

Нарцисите, психопатите и садистите имаат едно заедничко нешто – „црно јадро“ како основа на нивниот карактер. Неодамнешните истражувања покажале дека овие таканаречени мрачни карактерни особини се манифестација на тенденцијата да се ставите себеси на прво место на туѓа сметка. Оваа прикриена тенденција којашто научниците ја нарекле „фактор Д“ може да се измери со онлајн тест.

Тест што може да го измери „црното јадро“ на вашиот карактер

Претходните истражувања се фокусирале на разликите помеѓу мрачните особини, бидејќи се разбира дека има разлика во однесувањето на нарцисите и психопатите.

„Сега сме позаинтересирани за сличностите на овие карактерни особини“, изјавил Инго Зетлер, професор по психологија на Универзитетот во Копнехаген.

Генерална темнина

Д факторот што Зетлер и колегите го опишале во истражувањето е сличен со концептот на генерална интелигенција, односно „Г фактор“. Кога се работи за интелигенцијата, Г факторот е број што ги сумира резултатите од разни тестови за интелигенција. Личноста што е добра во просторно размислување често би извадила и добри резултати на тестовите за вербално изразување или математика. Г факторот на личноста може да предвиди работи како успех на работното место, приход, па дури и здравје.

Обично истражувачите се фокусираат на не повеќе од 3 мрачни особини истовремено. Една од најчестите групи е „мрачното тројство“:

  • Нарцизам (преголема себичност)
  • Макијавелизам (манипулација на луѓето во сопствена корист)
  • Психопатија (антисоцијално и бездушно однесување)

Зетлер и тимот ја прошириле листата на основа на претходни истражувања тестирајќи вкупно 9 мрачни особини. Останатите шест се:

  • Егоизам (фокус само на сопствените достигнувања)
  • Морално ослободување (верување дека етичките правила не важат за вас)
  • Психолошко право (верување дека заслужувате повеќе од другите)
  • Садизам (задоволство од повредување на другите)
  • Злонамерност (желба за одмазда, па дури и на сопствена сметка)
  • Заинтересираност само за себе

Во три одделни истражувања во кои учествувале неколку стотици илјади испитаници, тие пополнувале онлајн прашалници, па потоа биле споредувани резултатите.

Мрачниот фактор

Изгледа дека карактеристиките настојуваат да одат заедно. Всушност Д факторот е доволно силен за да даде информации за целокупниот мрачен карактер, дури и ако тестот не истражува за една од деветте особини.

„Информациите за генералната тенденција да се однесувате на неетички начин ќе можат да се добијат само со мерење на Д факторот.“

Зетлер изјавил дека истражувачите планираат да откријат како се развива Д факторот со текот на времето и каква улога има во разни сценарија. Сакаат да откријат како Д факторот се поврзува со одредени однесувања. На пример, постојат многу истражувања за лични особини како психопатија и нарцизам и какво е нивното влијание на работното место.

„Антисоцијално однесување, агресија, мамење – сето ова треба да се поврзе со мрачниот фактор“, изјавил Зетлер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар