Необичен тест на личноста кој ги открива вашите главни карактерни особини и животни вредности

Тест на личноста: Кои се вашите главни карактерни особини и животни вредности?

За да го направите тестот, најпрво треба да ја прочитате приказната.

1-test-na-lichnosta-koi-se-vashite-glavni-karakterni-osobini-i-zhivotni-vrednosti-kafepauza.mk

Една девојка шета покрај река. На другиот брег здогледува младо момче во кое во истиот момент се заљубува. Се обидува да го дознае неговото име, но безуспешно. Не знае да плива, па преминувањето на другата страна на реката е невозможно. Мост нема на видик. Единствено што знае е дека по секоја цена мора да стигне до ова момче. Изненадно здогледува човек на сплав. Му се приближува и му ја објаснува ситуацијата. Му ги нуди сите пари што ги има.

„Ќе те превезам, но пари не ме интересираат. Ако спиеш со мене, брзо ќе дојдеш до момчето кое ти се допаѓа.“ Очајната девојка го остава човекот на сплавот и продолжува да оди по брегот. Сега е веќе сосема разочарана. На патот среќава старец. Кога тој ја прашува зошто плаче, таа му објаснува што се случило. На крајот го прашува за совет. Треба ли да спие со човекот на сплавот за да дојде до оној што ѝ се допаѓа?

„Драга девојко, за тоа мораш сама да одлучиш“, ѝ одговорил старецот.

Таа продолжува да оди по брегот, размислува и набрзо носи одлука. Се враќа, ја прифаќа понудата на човекот на сплавот и набрзо јури на другата страна на брегот. Најпосле стигнува до момчето. „Видов што направи. Те презирам!“, во еден здив изговара момчето. Во моментот девојката паѓа на земја, а од шумата излегува друго непознато момче. Воодушевено ја гледа девојката и ѝ вели: „Ја видов целата приказна од почеток до крај. Омажи се за мене!“

Решение на тестот

Откако ја прочитавте приказната, треба да ги оцените сите 5 актери со оценка од 1 до 5. Највисока оценка (5) дајте му на оној лик во приказната кого го сметате за најпозитивен, а најниска (1) на оној кој ви оставил најлош впечаток. Една оценка не треба да се повторува.

Ликовите се:
  1. Девојката
  2. Момчето
  3. Човекот на сплавот
  4. Старецот
  5. Второто момче
  • Погледнете кој лик што претставува:

    1. Девојката – љубов, страст

    2. Момчето – љубомора, себичност, малодушност

    3. Човекот на сплавот – материјална вредност, егоизам

    4. Старецот – животна мудрост, мир

    5. Второто момче – љубовен живот

На овој начин добивате скала на особините на вашиот карактер, односно вредностите до кои се држите во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар