Тест кој ја потврдува теоријата на еволуцијата: Дали го имате овој мускул во вашата рака?
Сите ние имаме делови од телото кои ни изгледаат бескорисно, но кои всушност се доказ за нашата еволуција од животни. Тие вклучуваат и мускул во рацете кој е наречен „palamaris longus“ и кој веќе недостасува кај 10 до 15% од луѓето. Тој е остаток од нашите предци кои ги користеле своите раце за искачување и движење. Но, доколку го немате овој мускул, не значи и дека имате помала сила во рацете од останатите.
Со цел да откриете дали го имате мускулот или не, поставете ја вашата рака на рамна површина, со дланките отворени нагоре. Притиснете ги заедно палецот и малиот прст и потоа подигнете ја дланката од површината. Доколку забележите линија која се издигнува под вашата кожа, тоа значи дека сè уште го поседувате овој мускул во вас.
Зарем има поголем доказ за еволуцијата од еден мускул кој бил клучен дел од анатомијата на нашите предци и кој сега исчезнува бидејќи нашиот животен стил е целосно сменет? Токму ова е и основата на теоријата за еволуцијата – дека нашите тела еволуираат со цел да се адаптираат на промените во текот на милиони години. Но, недостигот на овој мускул не значи и дека сте повеќе еволуирани од некој кој го има, туку дека едноставно еволуцијата балансира.
Во една студија од 2014 година, објавена во „BioMed Research International“, истражувачите ни покажале дека овој мускул е подолг кај оние животни кои повеќе ги користат своите раце за искачување, како лемурите. Додека пак, може да недостасува кај оние луѓе и мајмуни кои не ги користат толку редовно своите раце за таа намена.
Погледнете го и следново видео кое ни објаснува кои биле причините за постоењето на одредени делови од нашето тело кои денес повеќе не ги користиме…