Тест: Клучот кој најмногу ве привлекува ја открива вашата моќ да си го промените животот

Тест: Клучот кој најмногу ве привлекува ја открива вашата моќ да си го промените животот

Клучевите се многу стара алатка што се користела за магија, особено за ритуали и за предвидување. Клучот е симбол за моќта на вештерките и магионичарите. Тој може да ја промени реалноста и да отвори врати од други области.

Клучевите исто така се користат и за повикување духови без многу труд. Тие се употребуваат и во љубовните магии и магиите за успех. Клучевите се своевиден талисман за успех и љубов.

Во овој тест, секој клуч нѐ претставува нас и нашата магиска способност. Одберете го клучот што најмногу ве привлекува и прочитајте што тој има да ви каже.

Тест: Клучот кој најмногу ве привлекува ја открива вашата моќ да си го промените животот

1. Клучот на тројната божица

Ова е алатката на тројната божица која дава рамнотежа во природата и светот. Она што го гледате на клучот е светиот симбол на тројството кој симболизира три аспекти на божественото – девица, мајка и старица – Божица или избраник, војник и татко – Бог.

Ако го одбравте овој клуч, вие сте родени да создадете чуда. Симболот познат под името трикверта е заокружен со круната на Аполон, богот на светлината и на сите благослови. Добрата среќа е на ваша страна. Само еден чекор ве дели од успехот. Затоа, искористете ги вашите магични способности.

Многу важно е да научите како да ги балансирате своите различни аспекти. Погледнете го врвот на вашиот клуч. Забележете колку е сложен. Мора да ја пронајдете својата рамнотежа, а за тоа би било корисно да ја приземјите вашата енергија.

2. Клучот на Ерос

Сѐ што ви треба е љубов. А, ова е најмоќната потврда за тоа – го избравте клучот на Ерос, богот на љубовта. Љубовта отвора врати, љубовта сѐ освојува, љубовта е совршен лек за сите болести. Со својата љубовна моќ, можете да си го отворите патот до успехот. Сте биле повредени во љубовта и тој тежок товар ви го попречува патот. Ослободете се од него. Простете им на другите и на себеси.

Вашето срце е многу романтично, трагате по вистинската љубов која може да ве направи непобедливи. Знајте дека таа посебна личност е многу блиску до вас. Единствената работа којашто треба да ја направите е да се отворите за љубов. Исчистете ја вашата срцева чакра. Ако пак сте во врска, употребете ја силата на вашата љубов за да го зајакнете она што го имате.

3. Клучот на Афродита

Ова е клучот на Афродита, божицата на љубовта и мирот. Гулабот во лет е симбол на мирот и слободата. Вие тежнеете кон хармонија, убавина и мир. Многу ви се има случено во минатото, но сега е време да се ослободите од тоа.

Користете го овој клуч за да се ослободите од минатото. Она што ве повредило треба да си замине. Минатото не може повеќе да влијае на вашата иднина.

Вие верувате дека животот треба да биде едноставен. За да си помогнете, одморете се од тешките распореди и многуте детали што ви го сочинуваат секојдневието. Обидете се да пронајдете време за себе. Одберете активности и луѓе кои ви го поедноставуваат животот. Не треба да размислувате сложено за да постигнете успех. Верувајте во вашата интуиција.

4. Клучот на Друид

Клучот на Друид е украсен со келтски чворови кои зборуваат за поврзаноста помеѓу животот и духовното. Треба да сфатите дека никогаш не сте сами. Секогаш сте во врска со вселената и поврзани со сите кои живеат.

Сепак, вие сте слободна душа и треба да бидете независни. Затоа треба да се ослободите од отровните врски.

Појдете во шума и приземјете се. Пронајдете рамнотежа во зеленилото и верувајте во сите делови на животот. Нам нѐ насочуваат енергетските струи и иако енергијата постојано е во нас и ни го покажува патот, потребно е да ја најдеме и нашата внатрешна духовност.

Можеби се чувствувате изгубено, но не заборавајте дека всушност никогаш не сме целосно изгубени и дека секогаш одиме кон светлината. Медитацијата може да ви помогне и да ви даде увид во чудото кое го нарекуваме живот.

5. Кралски клуч

Овој клуч е најамбициозен. Ако сте го одбрале, значи дека веројатно сте многу добро насочени. Но, запомнете дека животот е игра и прекрасно патување. Важна е целта, но важно е и патувањето, ако не и повеќе.

Одржувајте ги вашите цели високо поставени, но не заборавајте да се смеете, да се забавувате и да ги сфаќате работите поопуштено. Важно е да се одржува рамнотежа помеѓу работите што сакате да ги постигнете и оние ситници кои секојдневно ве прават среќни.

Сепак, не занемарувајте го постигнувањето на своите цели. Ќе бидете среќни само ако останете веродостојни на себе. Веројатно верувате дека мора многу да се трудите за да постигнете успех и да работите повеќе за да живеете поудобен живот. Но, луѓето не се толку сложени – сѐ што ни треба е љубов. Обидете се да пронајдете едноставни решенија. Што поедноставни, тоа подобро!

Сакате да дознаете за која професија сте родени? Изберете еден симбол од сликата и откријте!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар