Тајната на долговечноста e во дружењето! Откриваме што ги радува луѓето во зрели години!

Тајната на долговечноста e во дружењето! Откриваме што ги радува луѓето во зрели години!

Научниците откриле дека кај оние постари лица кои биле изолирани и осамени, способноста за меморирање опаѓа за една петина секоја втора година – или околу 18% на секои 2 години, а тоа нè потсетува на важноста да бидеме заедно.

Тајната на долговечноста e во дружењето! Откриваме што ги радува луѓето во зрели години!

Тим од лондонската Школа за економија и политички науки (LSE) ги проучувал податоците од повеќе од 11.000 Англичани на возраст од над 50 години и заклучил дека социјалната изолација не само што предизвикува губење на меморијата во староста, туку може да доведе и до деменција.

Осаменоста обично се поврзува со оштетувањето на памтењето, но сега, истражувачите за првпат имале можност да идентификуваат некои модели. Испитаниците биле тестирани на годишно ниво од 2002 до 2008 година и тоа преку алатките за социјална интеракција и тестот за меморија.

Тие изјавиле дека на некој начин, нивните откритија се добра вест, бидејќи зголемувањето на социјалните контакти со постарите луѓе е начин да се спречи или барем да се забави процесот на губење на меморијата, повеќе од што било друго. И бидејќи нема лек за губењето на памтењето, многу е важно да се стори сè што е можно за да го им се олесни животот на постарите лица.

Вежбањето е, исто така, клучно за здравјето во староста

Само една минута вежбање на ден има големо влијание врз здравјето на лицата над 65 години, според истражувањето на Универзитетот во Аберта, вежбањето на дневно ниво се покажало како доволно за подобрување на нивото на шеќер во крвта и општата подвижност.

Испитаниците на возраст од 65 до 75 години биле замолени да возат велосипед што е можно побрзо за време од 6 секунди на статични велосипеди, а потоа имале барем 1 минута одмор и го повторувале процесот сè додека не вежбале вкупно 1 минута.

Таквиот тренинг е познат како тренинг со интервал на спринт, а лицата кои вежбаат двапати на ден по една минута или повеќе може да имаат подобрување и на крвната слика и на мобилноста.

Можеби сакате да дознаете и што го прави животот добар: Лекции од најдолгото истражување за среќата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар