Таџ Махал ни докажа дека безусловната љубов не е мит, а овие факти го потврдуваат тоа

Таџ Махал ни докажа дека безусловната љубов не е мит, а овие факти го потврдуваат тоа

Многу луѓе веруваат дека безусловната љубов е само мит, но кога ќе ја слушнат приказната за познатиот Таџ Махал, тие се присилени да го сменат своето мислење. Ова здание изгледа како совршен бисер што привлекува милиони луѓе од целиот свет. Иако речиси секој е свесен за уметноста која ја крие, многу луѓе не знаат дека Таџ Махал е знак за мистерија и љубов.

Историјата знае за многу примери за неверојатни и исклучителни архитектски структури како Ајфеловата кула, Египетските пирамиди, Големиот ѕид во Кина и многу други, од кои најмагичната е Таџ Махал. Оваа градба била конструирана од страна на моголскиот император Шах Џахан во спомен на својата сакана сопруга, Мумтаз, во Агра, Индија, на брегот од реката Јамуна.

Според неверојатните приказни, Шах Џахан побарал од своите потчинети да ги исечат рацете на архитектот и на работниците откако структурата била целосно завршена, за ниту еден од нив да не може да изгради ништо слично на Таџ Махал. Постојат и многу други неверојатни факти што треба да се знаат за оваа историска знаменитост, па во продолжение ви споделуваме дел од нив…

1. Совршена симетрија

(1)tadz-mahal-ni-pokazha-deka-bezuslovnata-ljubov-ne-e-mit-a-ovie-fakti-go-potvrduvaat-toa-kafepauza.mk

Таџ Махал е совршено симетричен, сите ѕидови, соби, па дури и градините ја следат оваа симетрија. Само гробниците на кралот и кралицата не спаѓаат овде.

2. Промена на бои

(2)tadz-mahal-ni-pokazha-deka-bezuslovnata-ljubov-ne-e-mit-a-ovie-fakti-go-potvrduvaat-toa-kafepauza.mk

Наутро Таџ Махал изгледа розово, на пладне е жолт, приквечер е млечно бел, а навечер има златна боја. Некои луѓе сметаат дека оваа промена на боите го претставува променливото расположение на жените.

3. Четири минариња

(3)tadz-mahal-ni-pokazha-deka-bezuslovnata-ljubov-ne-e-mit-a-ovie-fakti-go-potvrduvaat-toa-kafepauza.mk

Минарињата на Таџ Махал се благо накривени. Причината за ова е заштита од земјотреси.

4. Калиграфија

(4)tadz-mahal-ni-pokazha-deka-bezuslovnata-ljubov-ne-e-mit-a-ovie-fakti-go-potvrduvaat-toa-kafepauza.mk

На надворешниот дел, како и во внатрешноста, се испишани 99 имиња на Алах со прекрасна калиграфија.

5. Тајни премини

(5)tadz-mahal-ni-pokazha-deka-bezuslovnata-ljubov-ne-e-mit-a-ovie-fakti-go-potvrduvaat-toa-kafepauza.mk

Постојат неколку тајни простории и премини во палатата. Тие биле затворени уште во времето на Шах Џахан и се непроменети до денес.

6. Повисок е од Кутуб Минар

Висината на Таџ Махал е 74 метри, додека висината на познатата кула е „само“ 72 метри.

7. Прилив на вода

(7)tadz-mahal-ni-pokazha-deka-bezuslovnata-ljubov-ne-e-mit-a-ovie-fakti-go-potvrduvaat-toa-kafepauza.mk

Споменикот внатре има мал прилив на вода која постојано тече. Нејзиниот извор не е познат и до денес е мистерија.

8. Религиозни конфликти

Многу религиозни конфликти го опкружуваат овој историски споменик. Многу луѓе сметаат дека градбата првично била храм на богот Шива и дека собите кои се затворени имаат статуи од овој бог. Владата не сака да се појавуваат нови конфликти, па не ги отвора овие простории за јавноста.

9. Оптичка илузија

(9)tadz-mahal-ni-pokazha-deka-bezuslovnata-ljubov-ne-e-mit-a-ovie-fakti-go-potvrduvaat-toa-kafepauza.mk

Кога се приближувате кон влезот, тој изгледа сè помал, а кога се оддалечувате, изгледа поголем. Туристичките водачи секогаш велат дека кога заминувате, го земате Таџ Махал во вашето срце.

10. Шах Џахан сакал да гради уште еден Таџ Махал

(10)tadz-mahal-ni-pokazha-deka-bezuslovnata-ljubov-ne-e-mit-a-ovie-fakti-go-potvrduvaat-toa-kafepauza.mk

Се верува дека Шах Џахан планирал да изгради уште едно здание од црн мермер од другата страна на реката Јамуна и да ги поврзе двете палати со мост. Но, војните со неговиот син му ги попречиле плановите.

Погледнете и зошто треба да ја посетите Индија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар