Таа му задала луди правила на своето момче, и преку ноќ се прославила во светот на Интернетот

Таа му задала луди правила на своето момче, и преку ноќ се прославила во светот на Интернетот

Секоја врска е индивидуална, па затоа и не постојат универзални правила што можат да ви помогнат да се погрижите да останете заедно до крајот на својот живот. Паровите треба да научат како да се адаптираат едни на други и да откријат дали се компатибилни на долг рок или не. Тоа можат да го направат само со трпение и доволно време за запознавање. Сепак, една девојка не се согласува со ова. Таа смета дека нејзините строги правила, доколку се почитувани, можат да ѝ помогнат на нејзината врска лесно да успее.

Кликнете на листата за поголема верзија

Имено, станува збор за една Американка која брзо се прослави во светот на Интернетот, така што составила листа од 22 правила коишто нејзиниот дечко мора да ги почитува. Корисникот на Твитер @kkeyes96 сосема случајно ја пронашол оваа листа во автомобилот што го купил, па ја објавил на својот профил. Како што можете да видите и самите, оваа листа е шокантно детално, и иако ќе ве насмее до солзи, истовремено ќе ве натера да се замислите и каква е врската на овие двајца.

1. НЕ СМЕЕШ да имаш броеви на сингл девојки

2. НЕ СМЕЕШ ни да ги следиш на социјалните мрежи (вклучувајќи ги Инстаграм, Снепчет и Твитер)

3. НЕ СМЕЕШ да се дружиш со Киган (ниту кај него дома, ниту во јавност)

4. НЕ СМЕЕШ да одиш во Хонда без мене

5.  НЕ СМЕЕШ да се дружиш со пријателите повеќе од двапати неделно

6. НЕ СМЕЕШ ни да погледнеш сингл девојка

7. Ако некоја девојка ти се приближи на кое било место и во кое било време, ОТИДИ СИ

8. Мо НЕ ТРЕБА да биде со нас секој пат кога ние се гледаме

9. НЕ СМЕЕШ ни да побараш хендџоб

10. НЕ СМЕЕШ веќе никогаш повторно да ми се налутиш

11. НЕ СМЕЕШ веќе никогаш да ги спомнуваш Тајлер, Ноа, Девен или Џош

12. НЕ СМЕЕШ да пиеш ако не сум со тебе

13. Дозволено ми е да ти го проверам телефонот во СЕКОЕ време

14. Ако се преселиме заедно, НИКОГАШ нема да има девојки во нашата куќа

15. Ако се преселиме заедно, на твоите пријатели РЕТКО ќе им биде дозволено да доаѓаат

16. Ако те фатам покрај девојки, ќе те убијам

17. НЕ СМЕЕШ да ме откачиш за твоите пријатели

18. Остин НЕ МОЖЕ ДА КОНТРОЛИРА КОГА ЌЕ СЕ ГЛЕДАМЕ НИЕ

19. Треба да одиме на легитимен состанок барем еднаш во две недели

20. Ако кажам скокни, ти треба да прашаш „колку високо, принцезо?“

21. Треба барем еднаш дневно да ми кажуваш дека ме сакаш за да знам дека си сериозен

22. НЕ СМЕЕ да ти биде потребно повеќе од 10 минути за да ми одговориш на порака

Коментарите на оваа објава се секакви, додека пак еден корисник на Твитер напишал едноставно „Бегај“. Поголемиот дел од луѓето се согласуваат дека ова е класично малтретирање што некои кај жените го доживуваат како слатко. Девојките исто така коментирале дека најверојатно се работи за пар во кој имало неверство, па затоа и таа ја направила оваа листа со цел да му даде втора шанса додека истовремено се чувствува и сигурно. На крајот од краиштата, сè се сведува на едноставната доверба, се согласувате?

Но, не е сè така црно. Погледнете ги и овие „пред и потоа“ фотографии од парови што ќе ве натераат да поверувате во љубовта!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар