Супер бабичка наполни 105 години: Посакала пожарникар со тетоважи да ѝ донесе торта

Супер бабичка наполни 105 години: Посакала пожарникар со тетоважи да ѝ донесе торта

Госпоѓата Ивена Смаилес неодамна го прославила својот 105-ти роденден, но на еден сосема необичен начин. Оваа бабичка живее во дом за стари лица во Велика Британија, а таму се случило големо изненадување за неа.

(0) Супер бабичка наполни 105 години: Посакала пожарникар со тетоважи да ѝ донесе торта

Вработените во домот пред роденденот ја прашале дали има некоја посебна желба за нејзиниот подарок, а таа без двоумење им рекла дека сака тортата да ѝ ја донесе „пожарникар со тетоважи“. И, погодете што? Тетка Ајви, како што ја нарекуваат во домот, го добила најневеројатниот подарок.

(2) Супер бабичка наполни 105 години: Посакала пожарникар со тетоважи да ѝ донесе торта

На денот на нејзиниот роденден, пожарник се качил по надворешни скалила до третиот кат и со тортата в рака влегол преку прозорецот во собата на оваа супер бабичка.

(4) Супер бабичка наполни 105 години: Посакала пожарникар со тетоважи да ѝ донесе торта

Дебра Картер, една од вработените во домот каде што живее госпоѓа Ивена, вели дека оваа жена има неверојатна смисла за хумор. Таа објаснува дека секоја година им дава по некој предизвик на вработените во домот кога станува збор за нејзиниот роденденски подарок.

(5) Супер бабичка наполни 105 години: Посакала пожарникар со тетоважи да ѝ донесе торта

Супер бабичката ја посетиле не еден, туку петмина пожарникари.

(6) Супер бабичка наполни 105 години: Посакала пожарникар со тетоважи да ѝ донесе торта

Среќен роденден тетка Ајви!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар