Стилот на одење говори многу за вашата личност

Стилот на одење говори многу за вашата личност

Малите нешта можат да кажат многу за нас. Тоа е прилично лудо, бидејќи за некои од тие нешта мислиме дека не се под наша контрола. Тие се само дел од тоа што сме, како што е положбата во која најчесто спиеме или обликот на нашите нокти.

(10)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mk

Овие работи претставуваат прилично интимни нешта во нашиот живот. Социолозите спровеле истражување кое открива дека нашиот стил на одење, вклучувајќи ја брзината на одењето и должината на нашиот чекор имаат огромно влијание на нашиот карактер.

Постојат неколку главни категории според стилот на одење. Повеќето луѓе се комбинација од две од тие категории, иако најчесто доминира една.

Управувач

(4)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mk

Доколку тежината е префрлена нанапред, а чекорот е брз, вие сте „управувач“. Бонус е ако можете да правите повеќе работи одеднаш додека одите – да го користите телефонот, да мислите за одредени проблеми или да правите некаков попис во вашата глава.

Експертот за говор на телото, Пети Вуд вели дека ако постои некоја пречка на вашиот пат, вие ќе најдете нов, заобиколен пат и ќе ја поминете.

Ако ова ве потсетува на вас, имате многу позитивни особини. Знаете како да ги остварите плановите, продуктивни сте, логични и веројатно многу интелигентни. Луѓето ви се восхитуваат, но понекогаш можеби изгледате ладно. Често сте натпреварувачки расположени и вашата огнена личност може да го извлече најдоброто од вас. Вуд сугерира дека треба да забавите и да го почувствувате мирисот на ружите, да воспоставувате контакт со очи и да вложите напор за да се поздравите со некој што го познавате.

Шармер

(9)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mk

Ако чекорите со испакнати гради кон напред, а рамената, грбот и главата ги држите високо, постои голема шанса да сте „шармер“.

Друг клучен фактор е дека слично како „управувачите“, чекорите брзо, но имате еластичен и сигурен од. Додека чекорат, шармерите се смешкаат, воспоставуваат контакт со очи или гласно се поздравуваат.

Според Вуд, голем број политичари и јавни личности имаат „шармерски“ стил на одење. Ако сте шармер, вие сте забавни, харизматични, социјално вешти, но некои луѓе може да помислат дека малку претерувате.

Вашата предимензионирана личност ја привлекува светлината од рефлекторите, а понекогаш го вртите целото внимание кон вас, дури и кога не треба. Вуд сугерира да го смалите ентузијазмот и да размислувате пред да делувате.

Помошник

(5)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mk

Ако вашата тежина е распределена на двете нозе, а не напред или назад, тоа може да е знак дека сте „помошник“.

Вашата брзина на одење е со средно темпо, а вашите движења се меки и суптилни. Слично како „шармерите“, имате тенденција да гестикулирате додека одите, иако повеќе сакате контакт со очи отколку довикување.

Доколку сте „помошник“, повеќе се занимавате со луѓето отколку со задачите, уживате во вашиот живот и кариерата не ви е важна.

Кога сте дел од група се чувствувате задоволно, сакате да се дружите со семејството и да учествувате во групни спортски активности. Имате многу квалитети, но „управувачите“ и „шармерите“ може да ве сметаат за послаби и поради тоа да се обидат да ве искористат.

Плашливец

(0)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mk

Ако одите тивко на ножните прсти и вашите очи се залепени за подот, тоа може да значи сте „плашливец“.

Вашиот ритам е бавен и претпазлив, како да се плашите дека ќе направите погрешен чекор. Вашите раце се во непосредна близина на телото, како да се плашите дека ќе навлезат во туѓ простор.

Не користите телефон додека одите, ниту пак имате интеракција со пријателите додека чекорите заедно со нив.

Вие веројатно сте интровертни, но љубезни. Кон другите се однесувате како што сакате и тие да се однесуваат кон вас. Сепак, со оглед на вашата интровертна природа, не зборувате за она што го сакате или ви е потребно. Едноставно очекувате луѓето да знаат. Тоа може да доведе до компликации во односот со другите луѓе, кои можат да бидат збунети од вашата раздразливост.

Следните категории не спаѓаат во четирите основни пешачки карактеристики, но особините и навиките откриваат многу важни информации за вас.

Пешак со краток чекор

(1)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mk

Ако сте жена со краток чекор и чувствувате болка во колената, можеби е време да се ослободите од високите потпетици. Кратките чекори укажуваат и на проблеми со колковите.

Пешак со прекрстени раце

(6)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mk

Тоа би можело да значи дека се чувствувате ранливо. Жените вообичаено ги прекрстуваат рацете кога навечер чекорат сами или поминуваат низ опасен дел од градот.

Но, напаѓачите имаат тенденција да ги напаѓаат тие коишто изгледаат слабо и немоќно, па обидете се да ги спуштите рацете и да одите исправено и брзо.

Пешак кој мавта со рацете

(8)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mk

Нашите раце се поврзани со грбните мускули. Кога одиме, замавнуваме со рацете во спротивна насока од ногата која оди напред, а тој замав го поддржува latissimus dorsi, мускулот на долниот дел од грбот.

Ако едното рамо се движи слободно, а другото е круто, можеби треба да очекувате болки во грбот и вратот.

Пешак со некоординиран од

(3)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mk

Кога нашите нозе го допираат дното, испраќаат сигнали до мозокот за положбата на екстремитетите. Тој феномен се вика проприоцепција. Намалената проприоцепција се случува поради губиток на осет, што резултира со некоординиран од и личноста не е свесна за положбата на своите долни екстремитети.

Овие луѓе ги подигнуваат стапалата и нозете многу високо, а потоа со нив треснуваат на тлото, како би знаеле каде ги спуштиле нозете.

Губитокот на осет во стапалата е предизвикан од дијабетес и недостаток на витамин Б12.

Пешак мултитаскер

(2)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mk

Верувале или не, ако одите и истовремено зборувате и џвакате мастика или паралелно правите и други работи, тоа може да создаде позитивна енергија. На пример ако одите низ дома, зборувате на телефон, готвите, украсувате или организирате нешто друго, тоа вас може да ве направи покреативни.

Ако тоа често го правите, најверојатно сте креативни и полни со идеи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар