Стихови со двојни рими, заразни и фини низ поезијата на Андреј Лозаноски

Стихови со двојни рими, заразни и фини низ поезијата на Андреј Лозаноски

Во нашата редакција деновиве пристигнаа неколку интересни поетски дела, напишани од Андреј Лозаноски.

Кафе пауза секогаш им отстапува место на креативните творци, кои имаат што да споделат со нашите читатели.

Уживајте во овие мудро склопени рими!

Стихови со двојни рими, заразни и фини низ поезијата на Андреј Лозаноски

Моја пријателке

Видов едни двајца сами
кон крајот му се ближеа,
ѓаволот изгледа ги мами
двајцата заедно мижеа.

И понекогаш ќе ти текне
за љубов права и за нив,
како нив ако човек клекне
тој нема душа, нема здив.

Не се само тие без души
многу такви кубичат број,
не сакаат, гордоста гуши
главата в земја, како ној.

Многу сакав да ги скратам
тие сцени во нашето кино,
со филмови ич не баратам
моја пријателке, Фросино.

Стихови со двојни рими, заразни и фини низ поезијата на Андреј Лозаноски

Пролет и ти

Ново утро, нова пролет, сѐ
ти, како месец на цутење,
зборуваш само со ќутење
гледаш сѐ и не кажуваш не.

Секој нов ден, нова шанса
со пролетта да имаме спој
и пак да бидам само твој,
слично на лик од романса.

Твојот лик не кажува јасно,
дали бури ќе нѐ повредат,
дали ветрови ќе нѐ одведат,
за нас, никогаш не е касно.

Твојата душа ме држи за рака
ме бара со тебе да течам,
во љубов да ја облечам,
мојата ако умре, да нема мака.

Стихови со двојни рими, заразни и фини низ поезијата на Андреј Лозаноски

Ах

Покрај сѐ што лошо било
прости ми барем еднаш,
кажи ми дека ме гледаш,
колку и да е сиво и гнило.

Јас и немам лоша намера
покрај сѐ друго што немам,
не можам туѓо да земам,
лош сум само пред камера.

Секое лето ми остава есен
да паднам и јас како лист,
во умот и мислите нечист,
заспан во тунел црн и тесен.

Кога лебот остава трошка,
верувам, среќата го сака
секого што ќе подава рака,
бара шанса, бара прошка.

Имате и вие нешто што би сакале да го споделите со читателите на Кафе пауза? Пишете ни преку контакт формуларот подолу.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар