Среќна седмица: Доколку вашиот омилен број е 7, во вас се крие бунтовник!

Среќна седмица: Доколку вашиот омилен број е 7, во вас се крие бунтовник!

Се чувствувате посебно, бидејќи вашиот омилен број 7 е толку „оригинален“? Мораме да ве разочараме и да ви кажеме дека се наоѓате во толпата истомисленици кои едноставно го обожаваат. Математичарот Алекс Белс на својот веб-сајт објавил анкета за да дознае кој е најчестиот „омилен број“, па собрал 44.000 мислења од сите краеви на светот и дошол до занимливи откритија.

1-srekjna-sedmica-dokolku-vashiot-omilen-broj-e-7-vo-vas-se-krie-buntovnik-www.kafepauza.mk_

Кои броеви најмногу нѐ привлекуваат?

Непарните броеви се високо над парните, броевите кои завршуваат на нула се нашле на дното од листата, а занимливо е што многумина го избрале 3,14 (Пи) или 1,618 (Златен рез) за свој омилен број.

Популарен е и бројот 42, кој според книгата „Водич низ галаксијата за автостопери“ одговара на сите клучни прашања во животот.

2-srekjna-sedmica-dokolku-vashiot-omilen-broj-e-7-vo-vas-se-krie-buntovnik-www.kafepauza.mk_

Мис на броевите, прва и втора придружничка

На трето место се наоѓа бројот 8, кој според кинеските верувања се поврзува со богатството, додека на второто место заблеска бројот 3.

Сепак, најпопуларен од сите е бројот 7 кој ги фасцинира луѓето со векови.

Во Лас Вегас овој број се смета за среќен, има 7 џуџиња, 7 самураи, 7 гревови, но има и 7 дена во неделата и 7 континенти.

Сепак, Белос вели дека причината за обожавање на овој број е желбата за бунтовништво, бидејќи тој е вистински математички „дивјак“ помеѓу броевите. Ако ја сакате седумката, вие спаѓате во индивидуите кои не познаваат правила и кои си живеат по свое – во математиката или во реалниот живот. Можеби затоа што и вие сонувате дека некогаш, исто како нив, ќе се издигнете и ќе се побуните против оние кои ве ограничуваат.

2, 5, 11, 15, 20, 43: Најважните броеви во вашиот живот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар