Според науката, кучињата можат да ги почувствуваат лошите луѓе
Кога размислуваме за чување милениче, изборот најчесто се сведува на маче или куче. Кучињата имаат потреба од поголема грижа и ги разбираат човечките емоции подобро, а мачките се понезависни животни.
Според многу истражувања, кучињата имаат шесто сетило и се многу почувствителни на човечки емоции. Покрај тоа, тие можат да почувствуваат дали на некој може да му се верува.
Во истражување спроведено од Акико Такаока од Универзитетот во Кјото, Јапонија, се открило дека кучињата нема да ѝ веруваат на личност што ги излажала и можат да одредат дали некој не е искрен.
Во експериментот кој се состоел од три дела учествувале 34 кучиња. Во првиот дел, сопствениците им посочувале кон садови со храна и кучињата трчале кон нив. Во вториот дел сопствениците покажувале кон садови без храна и ги лажеле кучињата да трчаат кон нив. Во третиот дел кучињата не го следеле посочувањето на сопствениците. Тие користеле минато искуство за да одредат дали личноста е искрена.
Кога личноста има лоши намери или сака да направи нешто лошо, се забрзува чукањето на срцето и се зголемува лачењето на одредени хемикалии како адреналин. Ова прави личноста да се поти повеќе од вообичаено. Бидејќи кучињата имаат силно сетило за мирис и се свесни за секое движење, можат да ги забележат овие промени кај човекот.
Инстинктите на кучињата се многу остри и можат да почувствуваат опасност и лоши вибрации. Реагираат така што почнуваат да се плашат или се премногу агресивни.
Повеќе истражувања докажале дека кучињата се чувствителни на социјални знаци и се екстремно лојални на сопствениците. Исто така се обидуваат да контролираат како другите комуницираат со нивните сопственици.
Во еден експеримент, сопствениците на кучиња барале помош од луѓе, а потоа овие луѓе им понудиле храна на кучињата. Кучињата ја прифатиле само храната од луѓето што му помогнале на сопственикот.
Научно е докажано дека кучињата се интелигентни суштества, но нивната интелигенција е многу поразлична од нашата.
„Кучињата се многу чувствителни на човечкото однесување. Но живеат во сегашниот момент, не размислуваат за минатото и не се способни да прават планови за иднината“, изјавил Џон Бредшо од Ветеринарниот факултетот во Бристол.
Кучињата можат да ги толкуваат нашите гестикулации и емоции, разбираат социјални знаци и знаат дали некој е искрен врз основа на минати искуства.
Па, кога следниот пат вашето куче ќе биде сомнително за некого, можеби треба да обрнете внимание на неговото однесување. Ако вашето куче е среќно и ѝ верува на некоја личност тоа ќе скока и ќе си игра околу таа личност. Ако почне да се однесува чудно, да се плаши, да бега од личноста или да биде агресивно, подобро внимавајте на таа личност.
Погледнете и на кои начини кучињата ви ги читаат мислите.