Според научниците, осаменоста може да биде исто толку штетна за вашето здравје како и цигарите

Според научниците, осаменоста може да биде исто толку штетна за вашето здравје како и цигарите

Според истражувањата, осаменоста го зголемува ризикот од предвремена смрт и за 26%. Студијата која била објавена во списанието „Perspectives on Psychological Science“ покажала и дека изолацијата од луѓе, како и малите социјални врски можат да го зголемат тој ризик. Токму затоа и експертите сметаат дека осаменоста може да биде исто толку штетна за вашето здравје како и цигарите.

Според научниците, осаменоста може да биде исто толку штетна за вашето здравје како и цигарите

Истражувачите направиле разлика помеѓу луѓето кои се чувствуваат осамено и оние кои воопшто немаат контакт со надворешниот свет. Резултатите покажуваат дека во ризичните групи се наоѓаат оние кои се сами, дури и ако се чувствуваат среќно, како и оние кои имаат многу социјални контакти, но сепак се чувствуваат осамено.

„Ако им кажеме на луѓето да се дружат почесто, тогаш со тоа би се решила социјалната изолација, но не и чувството на осаменост. Токму затоа треба и двете категории да се прифатат како подеднакво важни“, велат научниците.

Експертите тврдат дека развојот на технологијата влијае на фактот што сè поголем број луѓе живеат во социјална, избегнувајќи контакт лице в лице. Од друга страна, истражувањата покажале и дека со остарувањето пријателски и романтични врски, се намалува стресот, се подобрува имунитетот и самиот живот со добива смисла.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар