Сплескан морски еж кој самиот се клонира
Овој чуден вид морски еж му припаѓа на родот Clypeasteroida. Името го добил поради своето тело кое му е сплескано и наликува на паричка. Англиското име за овој вид е „Sand Dollar“, па оттука и потекнуваат некои шеги дека е единствениот стабилен долар во светот. Но шегата на страна, сплесканиот морски еж има еден трик, кој ние можеме само да сонуваме да го употребиме кога станува збор за вистински пари. Овој вид може да се клонира, притоа образувајќи перфектни копии.
Бизарно, но вистинито. Пред неколку години научниците докажаа дека ларвата од овој вид може да се клонира. Кога биле изложени на нивните природни непријатели, рибите, тие покажувале необичен одбранбен механизам.
Тие се клонираат себеси, што значи, си ја преполовуваат големината на телото и на тој начин рибите потешко ги детектираат. Секако, ова не се единствените животни кои имаат ваква моќ. Морските ѕвезди, во својата возрасна фаза, можат да се клонираат откинувајќи дел од телото. Други такви видови се морските ежови и морските краставици.
Секогаш кога ќе се најдат во поволни температурни услови или места со изобилство на храна, тие создаваат група колонии за да можат да ја искористат предноста на условите.
Карактеристично за спесканиот морски еж, е тоа што тој ја поседуваа оваа особина само како одбранбен механизам. Ако тие ефикасно ја преполоват својата големина, рибата не може да ги види.
За процесот на клонирање потребни се неколку часа, но научниците велат дека тој почнува да се случува уште кога ларвата ќе го детектира присуството на предаторот, а не кога всушност ќе го види. Значи, тие почнуваат да се клонираат штом ќе го осетат рибниот слуз, па така кога рибата ќе пристигне, тие се невидливи за неа.
Од друга страна, пак, оваа особина си носи и свои негативни страни, односно цела нова група предатори, како што се малите морски ракови кои се исхрануваат со мали морски ежови. Но лукавите мали ежиња, се чини имаат решение и за овој проблем. Тие живеат во колонии во кои помалите единки секогаш се заштитени од поголемите браќа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.