Спијте голи, тоа може да ви го спаси бракот или врската

Спијте голи, тоа може да ви го спаси бракот или врската

Најдобриот начин да ја одржите среќата во бракот и воопшто во врската е да спиете голи. Оние луѓе кои се легнуваат голи во кревет се посреќни во своите врски од оние кои носат пижами или друга облека за спиење.

spijte-goli-toa-mozhe-da-vi-go-spasi-brakot-ili-vrskata-kafepauza.mk

Од 1.004 Британци кои учествувале во едно истражување, 57% од оние кои спијат голи изјавиле дека се задоволни во својата врска, во споредба со 48% од оние кои спијат во пижами и долна облека.

Стивен Мекензи (33) од Портсмут вели: „Спијам гол веќе шест години и многу е попријатно отколку носењето пижами или боксерки. Мојата жена исто така спие гола и навистина никогаш не сме биле посреќни. Ни помага целосно да се опуштиме во кревет.“

Резултатите од анкетата се изненадувачки: 4 од 10 луѓе спијат голи, а скоро половина (45%) од 55-годишните и нагоре исто така.

Експертите велат дека многу работи влијаат на среќата во врската, а еден од поважните фактори е околината во која спиете.

Постелнината треба да биде многу пријатна и мека за кожата, што може да ја поттикне отвореноста и интимноста помеѓу партерите што пак на крајот влијае на зголемување на среќата.

Навиките во спалната соба исто така значтелно влијаат на задоволството во врската, се тврди во ова истражување. Луѓето не сакаат партнерот да им јаде во кревет, дури 59% не сакаат валкана облека на подот во собата, а 23% не поднесуваат кога партнерот носи чорапи во кревет.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар