Спектакуларните ерупции на вулканот Етна
Планината Етна е стромболијански вулкан на источниот брег на Сицилија. Висока е 3.329 метри, но нејзината висина се намалува со зголемувањето на ерупциите. Два пати поголем од Везув, Етна е најголемиот активен вулкан во Европа. На 25 ноември 2002 година, река од жешка лава се закануваше да ги покрие туристичките места во јужниот дел на планината Етна. Вулканот се активираше после 5 земјотреси кои го потресоа јужниот дел на Сицилија. Истата година беше забележана уште една ерупција на Етна во близина на Катанија, на 31 октомври. Во раните утрински часови, на 14 септември 2004 година, се отвори нова пукнатина на вулканот Етна која испушташе лава и пепел. Една од најспектакуларните ерупции на Етна се случи на 1 март 2005 година. Уште една спектакуларна ерупција на Етна имаше на 21 јули 2006 година, кога вулканот започна да испушта лава уште во раните утрински часови. На 6 јануари беше забележана првата ерупција на вулканот Етна оваа година. На 5 јануари топла пепел го исполни небото над Сицилија, а веќе наредниот ден вулканот повторно се активира. Следната ерупција на Етна беше на 9 февруари 2012 година. Уште една ерупција на највисокот вулкан во Европа беше забележана на 18 март 2012 година. Последната ерупција на Етна се случи на 1 април 2012 година.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Извор: