Совршени за сите љубовни парови: 6-те најромантични дестинации ширум светот

Совршени за сите љубовни парови: 6-те најромантични дестинации ширум светот

Без разлика дали сакате да го испланирате вашиот меден месец, продолжениот викенд за Денот на вљубените или едноставно сакате да побегнете со партнерот, паровите треба да одат на посебни и романтични одмори. Немојте да одбирате какво било место колку да се рече. Ова се 6-те најромантични места во светот кои се идеални за вашето патување со саканата личност…

1. Бора Бора

Совршени за сите љубовни парови: 6-те најромантични дестинации ширум светот

Бора Бора е еден од најубавите острови во Француска Полинезија. Островот е егзотичен, екстравагантен и неверојатен благодарение на песочните плажи, бујните шуми и сините лагуни. Ќе ви треба малку поголем буџет за ваков одмор, но ова е една од најпопуларните дестинации за меден месец и има добра причина за тоа. Поголемиот дел од луксузните хотели на островот вклучуваат бунгалови со подови од стакло изградени на кристално синиот океан.

2. Париз, Франција

Совршени за сите љубовни парови: 6-те најромантични дестинации ширум светот

Го викаат Градот на светлината, но слободно може да се нарече и Градот на љубовта. Ќе видите многу парови како се бакнуваат покрај Ајфеловата кула и реката Сена. Нема да погрешите доколку одберете некој од многуте прекрасни ресторани за да ја прославите вашата љубов со шише вино.

3. Санторини, Грција

Совршени за сите љубовни парови: 6-те најромантични дестинации ширум светот

Секогаш кога ќе го посетите најсликовитиот остров во Грција, одново и одново ќе се вљубувате во него. Соберете го вашиот партнер, однесете го во една од многуте приватни вили со поглед на море и уживајте во вечера со свеќи додека гледате како небото добива огнено портокалова и црвена боја.

4. Венеција, Италија

Совршени за сите љубовни парови: 6-те најромантични дестинации ширум светот

Венеција е како измислена за сите вљубени парови благодарение на нејзиниот шарм, необични канали и кафулиња на отворено. Изгубете се во многуте градски улички и одете на опера. Никако не заминувајте без да се возите на гондола!

5. Бордо, Франција

Совршени за сите љубовни парови: 6-те најромантични дестинации ширум светот

Ако сакате да јадете вкусна храна и да пиете квалитетно вино, ова е совршеното место за вас! Поголемиот дел од рестораните се сместени во замоци од 18-тиот век и можат да се пофалат со голем број Мишелински ѕвезди, огромни вински листи и богати регионални специјалитети како што е стек во нивниот познат сос и остриги.

6. Британски Девствени Острови

Совршени за сите љубовни парови: 6-те најромантични дестинации ширум светот

Ако сакате мирно бегство на место со тропска клима, ова е совршената дестинација за вас. Хотелите се мали и изолирани, а плажите се диви и природни. Изнајмете приватен брод за да ги посетите и околните мали острови, почестете се со романтична вечера на плажа или едноставно релаксирајте се под карипското сонце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар