Сонце, плажа и еден аксесоар: Освежете го обичниот сламен шешир со овие 3 лесни проекти
Летото е пред нас, горештините полека доаѓаат, а плажите започнаа да нè повикуваат. Се надеваме дека веќе се подготвувате за на одмор: Костим за капење, крема за сончање, сламен шешир…. Ох да, кога сме веќе кај сламениот шешир, имаме прашање за вас: Дали ви досади обичниот сламен шешир и барате нешто интересно, оригинално и во тренд за да го освежите? Тогаш, зошто не би ги погледнале овие 3 лесни „направи сам“ проекти со кои ова лето ќе се издвојувате од останатите.
1. Лична порака!
Доколку сакате кратки пораки, интересни зборови или фрази, тогаш овој проект е идеален за вас. На шеширот можете да напишете интересни зборчиња, а ние ви предлагаме неколку како што се: „Рај“, „Едноставно продолжи со пливање“, „Алоха“, „Правете бранови“…
За овој проект ќе ви бидат потребни следниве материјали:
- Обичен сламен шешир
- Лената со пулејки, светкава лента, или пак во некоја весела боја
- Пиштол со силикон
- Ножички
Начин на изработка:
Со помош на лентата испишете го зборот по должина на работ од шеширот. За да не погрешите, најпрво напишете го зборот, а потоа со силиконот прицврстете ја лентата.
Тоа е тоа, вашиот шешир со лична порака е готов!
2. Цветен сламен шешир
Ова е најслаткиот шешир што некогаш сте го виделе. Многу интересен дезен, а одзема помалку од 10 минути за изработка. Одличен е за во лето, но и за во пролет.
Ако се одлучивте за него, тогаш материјалите што ќе ви бидат потребни се:
- Обичен сламен шешир
- Бела и жолта боја за материјал
- Четки за боја
- Ножици
А еве како да го изработите:
Најпрво, отстранете ги сите врвки, украси или слични работи од шеширот за да добиете една мазна површина. Обојте ја горната површина од шеширот во жолта боја. Потоа, обојте бели ливчиња низ целиот раб на шеширот.
Нели е навистина прекрасен?
3. Шешир со дебели пруги
Пругите доминираат ова лето, а зошто вие да не би ги понеле на вашиот шешир? Интересно, едноставно и женствено… Пругите се еден класичен дезен кој никогаш нема да излезе од мода. Сепак, за овој проект е потребна мала прецизност.
Па, доколку ја имате таа вештина, ова се потребните материјали:
- Обичен сламен шешир
- Боја за материјал
- Четки за боја
- Ножици
Еве како тече подготовката:
Извадете ја секоја врвка, украс и слично од шеширот за да добиете мазна површина. Нацртајте пруги околу шеширот со тоа што ќе започнете одоздола и полека движејќи се кон нагоре. За да нема некоја грешка, нацртајте ги пругите однапред, а дури потоа обојте. Исто така, празните делови можете да ги залепите со селотејп, за линиите да бидат совршено прецизни.
Совет плус: Бидејќи летото е најразиграното и највеселото годишно време, наместо една боја комбинирајте повеќе и направете „ефект на лижавче“!
Зарем не се прекрасни? Сламениот шешир и тоа како може да биде еден кул тренди и шик аксесоар за на плажа.
Дозволете ѝ на вашата фантазија да си игра со вашата рака и создавајте интересни дезени со кои ќе ја искажете вашата оригиналност, досетливост и креативност. Се надеваме дека во овие проекти го пронајдовте вашиот омилен дезен за ова лето.