Со воз на пат околу светот: Резервирајте го вашето место на возот од Западна Европа до Сингапур!

Со воз на пат околу светот: Резервирајте го вашето место на возот од Западна Европа до Сингапур!

Оние кои уживаат во патувањето ќе ви кажат дека патувањето со воз е секогаш приказна сама за себе бидејќи носи некаква магија и мистичност. Сега имате и можност да патувате од Португалија до Сингапур со воз и да поминете неверојатни 18.755 километри!

Со воз на пат околу светот: Резервирајте го вашето место на возот од Западна Европа до Сингапур!

Патувањето со воз може да биде навистина пријатно искуство со оглед на тоа дека за разлика од автобусите, во возот има место за спиење и релаксација. Сепак, овој пат се работи за патување кое трае 21 ден за кое сме сигурни дека е предизвик и за најголемите авантуристи!

Според Euronews, новата железничка линија која беше отворена на почетокот на овој месец, ќе ги постави рекордите во најдолгото патување со воз во светот. Патник кој се качил во возот на југот на Португалија ќе стигне до Сингапур за 21 ден, а за време на патувањето ќе помине низ Париз, Москва и Пекинг.

За време на патувањето, патниците ќе поминат 13 земји меѓу кои Шпанија, Полска, Белорусија, Монголија… Иако цените на билетот не се најповолни, сепак вреди да се заштеди за едно такво неповторливо животно искуство.

Откако прочитавте за најновата железничка линија од Португалија до Сингапур, можеби ќе сакате да прочитате и за 4 дестинации во Европа кои се идеални за патување со воз.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар