Со што се соочуваат девојките чиј бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Со што се соочуваат девојките чиј бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Без разлика дали станува збор за ново работно место, почеток на посериозна врска или пак, за едноставно созревање, сите девојки во текот на своите 20-ти години на некој начин ги одраснуваат лудите забави, пијаните ноќи и „лошите“ момци и одеднаш се наоѓаат во сосема нова околина, започнувајќи со сосема различен начин на живеење. Доколку и вие се наоѓате во оваа ситуација, тогаш сигурно ќе се пронајдете во наредниве неколку проблеми со кои сите девојки се соочуваат по завршувањето на нивниот бурен ноќен живот

1. Имате проблем со намалување на алкохолот

Со што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Никогаш претходно не сте имале ограничувања во поглед на алкохолот. Сте поминале толку многу клубови под дејство на алкохол што не сте сигурни дали ќе ги препознаете доколку некогаш отидете трезни. Но, сега сте одговорна возрасна личност и мора да научите како да се контролирате и да си поставите граници во однос на алкохолот.

2. Се плашите дека ќе пропуштите нешто многу важно доколку си легнете во 10 часот

Со што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Дојде 10 часот, а вие веќе едвај ги држите очите отворени, но не си легнувате бидејќи ве обзема некоја чудна анксиозност. Вашите пријатели во моментов се подготвуваат за излегување, а вие чувствувате дека ќе ја пропуштите најлегендарната ноќ досега.

3. Го заменивте диџејот со маж кој работи во канцеларија

Со што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Сите оние „лоши“ момци со кои досега сте излегувале и сте ги доживувале како возбудливи се заменети со личност на која знаете дека можете да се потпрете. Но, овие нови момци се толку различни од оние на кои сте навикнати што едноставно потребно ви е многу време да се адаптирате.

4. Мора целосно да го промените вашиот распоред за спиење

Со што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Сега кога сте вработена, со работно време од 9 до 5, малку е потешко да си легнувате откако сонцето ќе изгрее. И покрај што претходно вие сте живееле навечер, а сте спиеле преку ден, знаете дека сега имате нови обврски и дека мора да бидете одговорни со цел да го задржите работното место.

5. Сфаќате дека ви е потребна сосема нова гардероба

Со што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Вашите комбинации за вечерните лудории ни најмалку не се соодветни за жена со кариера. Вие сфаќате дека ќе мора да ги инвестирате првите неколку плати во гардероба која е соодветна за вашата нова работа. Едноставно не можете да се појавите таму со облека која изгледа како да ѝ фали дел.

6. Вашето сериозно момче ве одржува приземјени

Со што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?

И покрај тоа што се обидувате да ги почитувате новите правила кои сте ги поставиле со вашето момче, едноставно некогаш се случува да не можете да одолеете на потребата за танцување. Не ви е јасно како ќе издржите да излегувате само еден ден во неделата, за време на викендот, и тоа ви предизвикува дополнителна анксиозност.

7. Се случува некогаш да потпаднете под влијание и да завршите во клуб за време на работните денови

Со што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Веднаш штом влезете во клубот сфаќате дека вие сте таму најстарата личност. И покрај тоа што клубовите се секогаш преполни, тоа никогаш досега не ви пречело. Но, младите девојки околу вас ви предизвикуваат да се почувствувате старо и тоа целосно ви го нарушува расположението.

8. Се плашите дека сте доживеале трајна штета од вашиот претходен начин на живеење

Со што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Откако престанавте да го потопувате вашиот црн дроб во коњак, почнувате да размислувате дали сите тие години поминати во лудории, пиење и неспиење би можеле да предизвикаат сериозна штета на вашето тело. Овие мисли ве прогонуваат со денови, но искрено се надевате дека вашата невнимателност нема да се одрази и врз вас во иднина.

9. Порано бевте целосно безгрижна, но сега постојано се грижите

Со што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Едно време живеевте според мотото дека никој не може да ве сопре, но сега налетувате на грижи врз кои едноставно се чувствувате како да немате контрола. Сметки, здравствено осигурување, напредок во кариерата… Сите овие нешта се вистински одговорности со кои мора да најдете начин да се справите и токму тоа секојдневно ве вознемирува.

10. Не се чувствувате како да сте дел од забавата со децата, но истовремено не чувствувате ни како да припаѓате кај возрасните

Со што се соочуваат девојките чии бурен ноќен живот одеднаш завршил?

Едно време се чувствувате како центарот на вниманието – вие бевте лудата девојка која навистина знаеше како да се забавува и која секој тип би сакал да ја има покрај себе. Но, чувствувате дека забавата за вас заврши и сега не знаете што следува… Сè уште не сте влезени во светот на возрасните и не знаете што точно ве очекува, но знаете дека полека чекорите натаму…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар