Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

Технологијата LiDAR (Light Detection and Ranging – Светлосна детекција и класификација) им овозможува на археолозите да откријат работи кои досега им биле недостижни. Таа буквално им нуди мапа со богатство која води до нови локалитети кои треба да се ископаат и истражат. Археолозите ја искористиле технологијата во џунглите на Гватемала и откриле неверојатни остатоци од цивилизацијата на древните Маи.

1. Скриена цивилизација

Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

На оваа фотографија можете да ги забележите пирамидите во џунглата во северна Гватемала. Научниците кои ја проучуваат древната култура на Маите само што завршиле со истражување на 10 наоѓалишта кои се наоѓаат на површина од 2.100 километри квадратни. Тие користеле LiDAR, технологија која користи ласерски пулсови за да ја мапира топографијата со што ја отстранува вегетацијата.

2. Што се крие под површината?

Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

Овде гледаме фотографија од истото место направена со LiDAR. Патиштата и темелите веќе се очигледни. Со помош на ова истражување, откриени се 60.000 структури кои досега не биле мапирани и тоа на многу познати локалитети. Пронајдени се и многу градби расфрлани низ џунглата.

3. Безизразна шума

Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

Густата џунгла на Гватемала крие многу докази за древни населби на Маите. Археолозите велат дека можете да одите на неколку метри од градбата, а да не ја забележите. Истражувањата со LiDAR технологијата можат да мапираат површина за која на археолозите би им биле потребни децении, и тоа за само неколку часа.

„LiDAR ќе биде нашето разбирање за шемите за населување кај древните општества, како што радиојаглеродното датирање ни помага за хронологијата. Ова е навистина револуционерно“, изјавил археологот Дејвид Фридел од Универзитетот во Вашингтон.

4. Скриени светови

Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

Безизразната шума од претходната фотографија крие секакви древни мајански тајни. На оваа фотографија се гледа истиот простор како и на претходната, само е направена со LiDAR. Градбите скриени зад земјата и растенијата полека стануваат видливи.

5. Додавање

Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

Овде се споени фотографијата од џунглата и скенирањето од LiDAR. Ова ни покажува дека структурите може да бидат скриени токму пред вас. Археолозите прв пат го користеле овој скенер за истражување во Белиз во 2009-та година. Според антропологот Пејсон Шитс, досега имаат покриено само 1% од површината на која била населена оваа цивилизација.

6. Живеење во пејзажот

Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

На оваа фотографија од LiDAR се забележува дека градбите на Маите се расфрлани низ џунглата во северна Гватемала. Ова покажува дека населението било многу погусто отколку што претходно се верувало.

7. Гватемала од горе

Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

Научниците Алберт Лин (лево), Том Гарисон (во средина) и Франциско Естрада-Бели (десно) ја проучуваат топографијата на северна Гватемала. Овој месец ќе има и документарец за овие откритија на National Geographic Channel – „Богатствата на кралевите-змии на Маите“ (The Treasures of the Maya Snake Kings).

8. Откривање на изгубен свет

Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

Истите научници го гледаат истиот простор како и на претходната фотографија, но овој пат преку LiDAR. Овој поглед им открива низа структури кои биле проголтани од џунглата. Технологијата им помогнала да откријат нова тврдина во близина на местото кое го истражуваат, па во следната сезона се надеваат дека ќе го ископаат ѕидот од 9 метри.

Дознајте нешто повеќе за овој неверојатен град на Маите во Гватемала.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар