Скок од Монт Еверест – највисокиот скок од планина на сите времиња
Русинот Валери Розов, член на клубот за екстремни спортови на Ред Бул, ја одбележа 60-годишнината од првото освојување на Монт Еверест со скок од највисокиот врв на светот. Шеесет години откако Едмунд Хилари и Тензинг Норгај за првпат се качија на „Покривот на светот“, Розов скокна со својот вингсуит костим од истиот тој покрив и го направи највисокиот бејз скок од планина досега.Розов поминал три недели во аклиматизација пред да тргне во освојување на врвот со својот тим за што им требале 4 дена. Тргнале од северната страна, затоа што оттаму имал најдобри услови за слетување.
Инаку Валери Розов е легенда на екстремното скокање. Има 48 години, а од почетоците во 1993 година до денес направил повеќе од 9.000 скокови. Притоа има освоено и многу титули во екстремните спортови во кои се натпреварува.
Ако самиот скок не ви беше доволен, во следното видео во три и пол минути е даден поопширен приказ на неговата авантура.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.