Симболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно време

Симболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно време

Самото спомнување на есента веднаш нѐ асоцира на удобна облека, вкусна храна, топли чаеви и магична атмосфера, но симболичните значења на есента се многу подлабоки отколку што мислите. Древните култури, науката и астрологијата го поврзуваат ова годишно време со многу аспекти од човечкиот живот. Несомнено е дека есента е најдоброто време за самоанализа, подигнување на свеста и збогатување на мудроста. За да можете да го разберете ова подобро, прочитајте ги следните симболични значења на најволшебното годишно време…

Симболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно време

Промена

Грчкиот филозоф Хераклит еднаш рекол „Единствената константа е промената“. Есента нѐ потсетува дека нашите тела, умови и опкружувања секогаш се развиваат. Таа ја истакнува непостојаноста на животот и потенцира колку е важно да се биде присутен во сегашноста. На тој начин, ќе можеме да го спасиме она што го имаме пред да исчезне.

Мистерија

Благодарение на променливата природа на животот, секој ден е исполнет со нови мистерии. Сувиот есенски воздух и промената на лисјата ја отсликуваат таа мистериозност. Само тогаш кога ќе ги прифатиме тие мистерии, ќе можеме да го живееме животот со полни гради. Во секој случај, утешително е да се знае дека сите се наоѓаме во истиот брод и пловиме по истото мистериозно море.

Зачувување

Есента ја претставува животната заштита и неопходните потреби. Во текот на овој период, животните се подготвуваат за зимата со тоа што складираат храна и градат удобни и топли засолништа. Земјоделците ја заштитуваат есенската жетва и чуваат големи резерви на житни растенија. Исто така, сите ние обично се повлекуваме во домот и се фокусираме на тоа да создадеме безбеден и удобен дом. На некој начин, есента ни нуди можност одново да се поврземе со самите себе и да го зачуваме нашето сигурно засолниште.

Заштита

Како што летото се трансформира во есента, така ние почнуваме да се штитиме себеси со тоа што носиме повеќе слоеви облека од подебел материјал. Исто така, се фокусираме на нашето здравје и се обидуваме да го подобриме имунитетот преку здрави навики и исхрана. Есента ја подигнува свеста на луѓето за самите себе и за нивното опкружување.

Симболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно време

Удобност

Есента исто така се поврзува и со удобноста. Ова годишно време ја нуди вистинската можност да пронајдете комфор кој ќе ве заштити од ниските температури. Создадете си удобно катче и откријте што е тоа што прави да се чувствувате згрижено и безбедно.

Баланс

Должината на денот и ноќта е иста за време на есенската рамноденица. Како последица од тоа, древните култури отсекогаш го поврзувале тој ден со воспоставувањето рамнотежа. Освен тоа, сонцето влегува во Вага која е знак на балансот. Есента ни нуди можност да постигнеме хармонија со Земјата и да воспоставиме внатрешна рамнотежа.

Ослободување

Температурите се снижуваат во ритамот на паѓањето на лисјата што ја отсликува убавината на ослободувањето. Ова годишно време ја претставува смртта, но на привлечен и фасцинантен начин. Смртта не мора да означува нешто морничаво и ужасно. Наместо тоа, концептот на смртта можеме да го поврземе со нашето внатрешно его и потреба од алчност и гордост. Идејата на ослободувањето од нештата исто така ја потенцира привремената природа на сѐ што нѐ опкружува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Aleksandra Reply

    Ecenta e najubavo vreme

Остави коментар