Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
Можеби некој од вас има забележано некои симболи во близина на влезната врата и веројатно сте чуле дека тие се поставени од потенцијални крадци. Но, дали сте знаеле дека тие имаат цела азбука на која комуницираат меѓу себе?
Криминалците стратешки ги поставуваат овие симболи на места кои се тешко забележливи. Вообичаено се ситни, околу 1 см, и се нацртани со креда, пенкало, макрер или со спреј. Ознаките можете да ги очекувате на ѕидот близу до ѕвончето или влезната врата, особено ако веќе таму има други шари, на поштенското сандаче, на оградата, под чергичето или ако се работи за куќа со двор, околу цвеќињата.
Препорачливо е да не ја споделувате алармантната ситуација со другите станари бидејќи секој е осомничен. Ако забележите чудни ознаки во близина на вашиот дом, направете слика, известете ги надлежните, исчистете ја ознаката за да му дадете на крадецот до знаење дека знаете за неговите планови, размислете за промена на бравата и евентуално инсталирајте камери, аларм или други сигурносни уреди.
Не сме сигурни на кое ниво овие знаци се користат на нашите простори, но некои од поедноставните со сигурност може да се забележат на ѕидовите во станбените згради.
Погледнете ја листата и бидете подобро подготвени доколку забележите ваков или сличен знак близу вашиот дом, кој во најмала рака би требало да ви предизвика сомнеж дека нешто не е како што треба.

1. Врати се наскоро

2. Веќе ограбено

3. Сама жена

4. Полиција во близина

5. Внимавај на кучето

6. Невселено живеалиште

7. Може да се пробие

8. На одмор

9. Деца сами наутро

10. Само жени живеат овде

11. Многу добро

12. Не се ни обидувај

13. Нема ништо интересно

14. Лабаво за време на попладнињата

15. Празно навечер

16. Празно во јули и август

17. Употреби дигалка

18. Се отвора со пила

19. Богати сопственици
Научете ги и овие 13 трикови што крадците ги користат за да ве измамат.