Што зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?
Секоја година, кога започнува летната сезона, по патеките за прошетка постојано се слуша истото прашање: кој е твојот омилен вкус на сладолед? И, кој е вашиот омилен сладолед? Чоколадо, ванила или јагода? Или пак можеби вие сте од оние типови кои сакаат мента или вкус на кафе? Омилениот вкус на сладолед, открива повеќе за вас одошто можете да претпоставите. Веб-сајтот www.icecream.com спровел истражување со кое открива каков е вашиот карактер во зависност од вашиот омилен сладолед.
Чоколадо
Доколку сте љубители на стариот добар вкус на чоколадо, тогаш вие сте енергична, креативна и драматична личност која сака да биде во центарот на вниманието. Можеби сакате малку повеќе да го свртувате вниманието на себе, но успевате и да ги шармирате сите околу себе со вашиот ентузијазам и чувство за стил. Оние кои сакаат сладолед од двојно чоколадо, не сакаат да бидат сами, туку сакаат да поминуваат повеќе време со своите пријатели. Воедно тие се во потрага по страст и возбуда во љубовните врски.
Ванила
Немојте да се чувствувате како досадна личност доколку ванилата е вашиот прв избор на сладолед кога ќе зачекорите со едната нога во слаткарница. Љубителите на сладолед од ванила се луѓе полни со елан и ентузијазам, кои сакаат да преземаат ризици и се потпираат повеќе на својата интуиција, отколку на логиката. Тие си поставуваат високи цели за себеси и се стремат да ги достигнат. Тие се идеалистични и отворени со своите емоции и сакаат да бидат во стабилни и долготрајни љубовни врски.
Јагода
Обожавателите на сладолед од јагода се мирни и резервирани и немаат лидерски способности, но се многу вредни и послушни спрема својот претпоставен. Тие се лојални кон нивното семејство и кон пријателите и преферираат да седат „во сенка“ и не сакаат да го свртуваат вниманието околу себе. Тие се опишани како промислени и логични луѓе, кои внимателно ги мерат можностите, пред да ја донесат конечната одлука.
Мента
Љубителите на сладолед од мента се тешки муштерии. Тие се опишани како амбициозни, самоуверени и малку скептични во врска со животот. По малку тврдоглави, овие луѓе се секогаш фокусирани кон иднината, па затоа обожаваат да прават планови и да размислуваат премногу однапред. Овие луѓе исто така се и лојални, искрени и стабилни типови, кои ги ценат своите блиски пријатели и членовите од семејството.
Кафе
Љубителите на сладолед со вкус на кафе не се само зависници од кофеин. Тие се истовремено и весели, драматични и кокетни типови луѓе кои знаат како да го живеат моментот. Тие секогаш го живеат животот со „полна пареа“, но имаат тенденција и да ги преценат своите способности, па да започнуваат нови проекти пред да ги завршат старите. Тие имаат енергија во неограничени количини и брзо им здосадува од сѐ.
Чоколадо полно со сецкани јаткасти плодови и преливи
Доколку сте љубител на интересните чоколадни вкусови кои се комбинирани со разни додатоци како прелив од јагода или сецкани кикирики и лешници, тогаш вие го поседувате совршениот баланс на шарм и практичност. Овие луѓе се дружељубиви „социјални пеперутки“ кои ги почитуваат убавите работи во животот и сакаат на луѓето да им е грижа за нив. Тие се и чувствителни на критика и може да станат агресивни кога се обидуваат да ги остварат нивните цели на работа или во приватниот живот.
Чоколаден чипс во сладолед од ванила
Доколку сакате во вашата топка сладолед да има еден куп чоколаден чипс, тогаш вие сте амбициозни и сакате да успеете во кариерата и животот. И покрај тоа што имате силен натпреварувачки дух и сте многу вредни и работливи, сепак сте и многу дарежливи и никогаш не сфаќате ништо здраво за готово. Љубителите на сладолед од ванила во комбинација со чоколадни парченца и трошки, успешно се снаоѓаат во социјалните опкружувања и најчесто се во центарот на вниманието.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.