Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Верувале или не, обликот на вашите веѓи говори многу за вашата личност и потсвесно им испраќа некаква порака на другите луѓе. Според мислењето на фацијалниот експерт Жана Ханера, веѓите ја отсликуваат нашата самодоверба, организациските способности, мотивацијата, како и начинот на кој донесуваме одлуки.

Кратки веѓи

Тие сигнализираат дека си имате работа со личност која не се потресува многу. Луѓето кои имаат кратки веѓи како оние на Бритни Спирс, не се заинтересирани да се носат ни со драмата на нивните пријатели.

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Долги веѓи

Луѓето со долги веѓи многу добро се справуваат со стресот и имаат повеќе пријатели кои секогаш ќе ги сослушаат и ќе се обидат да ги решат нивните проблеми. Обично се добри работници, кои можат да се носат со големи проекти и се натпреварувачки расположени.

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Тенки лакови

Природно тенките или ретки веѓи симболизираат луѓе кои се сомневаат во себе. Тие се несигурни и повеќе им веруваат на другите луѓе отколку на себе. Многу се внимателни и во нивниот живот држат сè под контрола.

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Природно полни веѓи

Дебелите веѓи како оние на моделката Кара Делевињу симболизираат активна личност. Тие се природно самоуверени личности кои главата ја држат цврсто на раменици и брзо сфаќаат што се случува околу нив. Некогаш брзо се нервираат, доколку некој ги кочи во остварувањето на нивните желби.

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Веѓи со висок лак

Веѓите кои се поставени високо над очите и се многу заоблени, какви што се оние на Меган Фокс, опишуваат личност која не е баш достапна и се држи на дистанца бидејќи е малку чувствителна. На овие луѓе им е потребно повеќе простор и време за да се вклопат во нивната околина. Важат за перфекционисти и имаат одличен вкус.

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Низок лак

Веѓите кои се поставени блиску до очите говорат дека најверојатно станува збор за ведра и комуникативна личност, која си ги исполнува своите ветувања. Дури постои и прекар за ваквите веѓи, тренерски веѓи, бидејќи луѓето кои ги имаат ќе останат покрај вас сè додека не победите.

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Кружни веѓи

Веѓите кои имаат полукружен лак, како оние на Бијонсе, најчесто опишуваат исклучително љубезна личност која секогаш мисли на туѓите потреби. Тие најчесто се тактични во нивната комуникација и секогаш гледаат да го извлечат најдоброто од секој разговор. Овие личности сакаат да бидат во врска.

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Рамни веѓи

Веѓите кои изгледаат како рамна линија, говорат за личност која размислува логично кога е во прашање донесувањето одлуки. Тие се мислители кои ја ценат логиката и обично не се премногу емотивни.

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Шпицести веѓи

Луѓето кои имаат малку шпицест лак на веѓите, како оние на Оливија Вајлд, се личности кои сакаат забава, брзо размислуваат, брзо зборуваат, брзо носат одлуки и постојано им е потребна стимулација. Овие луѓе се спонтани и имаат одлична смисла за хумор.

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Многу искубани веѓи

Со оглед на тоа што веѓите ја отсликуваат нашата самодоверба, доколку некој премногу ги искубе своите, тоа може значително да го намали нивото на нивната самодоверба и можноста за донесување мудри одлуки. Луѓето со претенки веѓи привлекуваат кон себе „пријатели“ кои ќе мислат дека можат да ги згазат, бидејќи изгледаат дека имаат најниско можно ниво на самодоверба.

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар