Што велат вашите статуси на Фејсбук за вашиот интелект?

Што велат вашите статуси на Фејсбук за вашиот интелект?

„Не плачете затоа што дошло до крај. Смејте се затоа што се случило!“

„Танцувајте како никој да не гледа.“

„Бидете промената која сакате да ја видите во светот.“

Колку пати сте виделе некоја личност со која немате разговарано уште од средно училиште да објави некој од овие статуси или пак, друг вид клише инспиративни цитати? Овие објави се толку чести што можеби веќе ви здодеале, но верувале или не, тие можат да кажат многу за личностите кои ги објавиле.

Што велат вашите статуси на Фејсбук за вашиот интелект?

Според една нова студија, луѓето кои објавуваат ваков вид инспиративни цитати најчесто имаат пониско ниво на интелигенција. Тие исто така имаат поцврсти религиозни верувања и многу лесно можат да поверуваат во теории на заговор. Во оваа студија, истражувачите прашале 845 учесници за нивното мислење за автоматски генерирани изјави кои немаат никаква смисла (на пример, „Скриеното значење трансформира неверојатна апстрактна убавина“) и вистински цитати. Потоа со помош на други фактори, како нивните когнитивни способности, тие ја одредиле интелигенцијата на волонтерите.

Истражувачите откриле дека најчесто волонтерите имале потешкотии при разликувањето на вистинските и лажните цитати. Оние кои сметале дека лажните цитати се попривлечни од вистинските цитати имале пониски когнитивни способности (вербална и флуидна интелигенција) и биле многу посклони на онтолошки забуни и теории на заговор, како и повеќе верувале во паранормалното и религиозното. Од друга страна пак, оние кои ги преферирале вистинските цитатите имале поголема аналитичка когнитивна способност и биле посклони кон скептицизам.

Со други зборови, оние кои верувале во „глупостите“ напишани за оваа студија имале поголема шанса да паднат под влијание и на други видови „глупости“ со кои секојдневно се соочувале во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар