Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа во тренд?

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа во тренд?

Веќе знаете дека трендовите кружат и она што е старо повторно станува ново. Ова важи за модата, музиката и уметноста. Кога станува збор за архитектурата, најдобар пример за ова е брутализмот.

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Од средината на 20-тиот век, овој стил станал навистина популарен, а својот врв го достигнал во средината на 1970-тите. Потоа популарноста почнала да се намалува бидејќи стилот се гледал како модел за лош вкус. Но денес ова се променува и се појавува нов интерес за овој неверојатен архитектонски стил.

Познат по бетонот и челикот, брутализмот најмногу бил користен за институционални објекти. Името не потекнува од градбите кои наликуваат на тврдини, туку од името на бетонот што најчесто се користи – „béton brut“.

Брутализмот често е поврзуван и со урбаната теорија од 20-тиот век која следела социјалистички идеали. Со потребата за изградба по Втората светска војна, брутализмот земал замав ширум светот, но најмногу во Велика Британија и источноевропските комунистички држави.

Потекло на брутализмот

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Швајцарско-францускиот архитект Ле Корбузие навистина го сакал бетонот и таа љубов ја пренел во градба која се смета дека е раѓањето на брутализмот. Зградата Unité d’Habutation во Марсеј, Франција, била првиот негов проект во 10 години. Поради војната не бил во можност да твори. Градбата била завршена во 1952-ра година и била дом за работничката класа. Дизајнот на архитектот вклучувал огромна бетонска рамка во која биле вметнати апартманите. Комплексот во кој собира и до 1.600 луѓе немал никакви декоративни елементи и ги поставил основите за идните градби во овој стил.

Падот на брутализмот

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Во 1980-тите популарноста на брутализмот почнала да опаѓа. Дел од причините биле студот и строгата природа на стилот која често била поврзувана со тоталитаризмот. Друг проблем бил бетонот кој се користел во изградбата – не стареел добро и често се познавале дамки од вода и распаѓање.

Брутализмот станал симбол на урбаното распаѓање и економските проблеми. Бетонот станал совршено место за графити, кои само помогнале во распаѓањето на структурите. Во текот на 1980-тите стилот им го отстапил местото на високотехнолошката архитектура и деконструктивизмот. Ова пак, ѝ го отворил патот на постмодерната архитектура.

Нов интерес за брутализмот

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Изминативе 5 години се појавиле нови интереси за овој стил. Сè повеќе и повеќе луѓе се интересираат за брутализмот и го сакаат неговиот графички квалитет. Дури и на Инстаграм постојат над половина милион фотографии со хаштаг #brutalism, а луѓето се обидуваат да ги зачуваат примерите од стилот.

Никој не знае зошто повторно се враќа овој стил. Бред Данинг од GQ има интересна теорија.

„Брутализмот е техно музика на архитектурата, тој е остар и заканувачки. Овие градби се скапи за одржување и тешки за уништување. Не можат лесно да се менуваат и моделираат, па остануваат онакви какви што ги замислил архитектот. Можеби движењето се враќа во мода бидејќи постојаноста е навистина атрактивна во нашиот хаотичен свет што се распаѓа.“

Погледнете и некои од најдобрите примери за бруталимозт.

Библиотеката Гејзел, Сан Диего, Калифорнија (1970)

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Националната библиотека во Аргентина, Буенос Аирес (1961)

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Живеалиште 67, Монтреал (1967)

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Собранието во Бостон, Бостон, Масачусетс (1968)

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Барбикан, Лондон (1968-1979)

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Македонска пошта, Скопје (1989)

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Кралскиот национален театар, Лондон (1976)

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Трговскиот TripleOne Somerset, Сингапур (1971)

Што претставува брутализмот и дали повторно се враќа?

Погледнете ги и овие надреални фотографии од постсоветската архитектура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар