Што откриваат вашите дланки?

Што откриваат вашите дланки?

Ако внимателно ги погледнете рацете на личноста со која штотуку сте се запознале, можете многу да откриете за неа, од професијата со која се занимава, годините, па сѐ општествениот слој на кој припаѓа. Исто така, се верува дека според изгледот на рацете може да се одреди дали личноста ја кажува вистината или лаже, каква е нејзината психолошка состојба, дали е великодушна или скржава, мрзлива или не и многу повеќе.

1-shto-otkrivaat-vashite-dlanki-kafepauza.mk

Внимателно погледнете ги вашите раце. Следува комплетен водич за толкување на вашата личност според вашите дланки.
Некои научници тврдат дека двете дланки и сите прсти си имаат посебно значење. Така, левата рака претставува примател, а десната давател. Се верува дека ќе имате трошоци ако ви трпне десната дланка, додека ова ви се случува со левата, може да очекувате добивка.

Според изгледот на рацете можете да откриете дали личноста ви ја кажува вистината. Така, ако личноста нешто таи, нејзините дланки ќе ги сврти кон себе бидејќи сака да се прикаже во поинакво светло од она што во суштина е. Ако пак дланките се свртени кон соговорникот значи дека таа личност е искрена.

Значењето на секој прст

Секој прст си има свои значење, како и дланките. Прстите на доминантната рака (зависно дали сте левучар или десничар), ја претставуваат вашата работа и вашата личност, додека прстите на другата рака го откриваат вашето однесување кога сте дома и односите со другите луѓе. Според изгледот и изразеноста на секој прст може многу да се открие за вашите особини. Колку е некој прст посилен толку се поизразени и особините поврзани со тој прст.

2-shto-otkrivaat-vashite-dlanki-kafepauza.mk

Палецот ја претставува желбата за успех, волјата, егото и логичките способности. Личностите со силен карактер имаат долг и снажен палец. Таквите луѓе веруваат во себе, во својата волја и во можноста да ја променат сопствената судбина. Оние со вакви прсти се родени лидери. Палецот ја симболизира силината на волјата и нивото на виталност. Свитливиот палец открива дека се работи за флексибилна личност која знае да се прилагоди на другите, додека крутиот и несвитлив палец открива дека се работи за тврдоглава личност која ретко отстапува од своите ставови.

Показалецот е поврзан со моќта, власта, визијата и влијанието. Зборува за начинот на кој се сфаќаме себеси и светот околу нас. Показалецот кој е свиткан кон палецот укажува на чесна и амбициозна личност. Кога показалецот е одделен од средниот прст, се работи за независна личност која сака да филозофира. Показалецот пак кој е свиткан кон средниот прст, открива грижлива и сочувствителна личност.

Средниот прст означува одговорност, ефикасност, сигурност, раст и мудрост. Исто така поврзан е со емоциите. Го открива начинот на кој поединецот се однесува кон материјалните вредности, работата и основните средства за живот. Долгиот среден прст укажува на одлучна, способна и амбициозна личност која е подготвена да создаде свој бизнис. Краткиот среден прст открива ексцентрични личности кои се против општествено прифатените норми. Средниот прст кој се свиткува кон домалиот прст ја открива потребата од емотивна и материјална сигурност кај личноста. Таквите луѓе не сакаат да се караат и среќни се кога се опкружени со саканите личности. Ако средниот прст е оддалечен од домалиот, значи дека се работи за личност на која понекогаш ѝ треба самотија.

Домалиот прст укажува на креативност и самоизразување. Освен тоа, открива колку сте поврзани со своето семејство. Симбол е на креативноста и совршеноста. Ги означува вештините, односот кон уметноста, вкусот и стилот. Домалиот прст кој е со иста должина како средниот (или подолг) е карактеристичен за луѓе кои сакаат да ризикуваат и склони се да се коцкаат. Краткиот домал прст е показател на личност која е естетичар по природа.

Малиот прст зборува за вашата комуникативност, начинот на кој комуницирате со другите луѓе и за вашите инстинкти. Ако се витка кон домалиот прст станува збор за сочувствителна и добра личност. Ако пак е оддалечен од останатите прсти значи дека личноста е многу самостојна и оригинална во сѐ. Многу долгиот мал прст значи дека личноста е надарена за странски јазици и општо за секој вид комуникација. Многу малиот прст укажува на недостаток на самодоверба.

Значењето на обликот на прстите

И врвовите на прстите можат да откријат одредени карактеристики. Квадратните врвови откриваат дека станува збор за практична личност, а зашилените се чести кај независните личности. Овалните врвови се одраз на импулсивни личности.

5-shto-otkrivaat-vashite-dlanki-kafepauza.mk

  • Кружни прсти: Сакате хармонија и рамнотежа во животот, а избегнувате осудување.
  • Коцкести или прави прсти: Тежнеете кон прецизност, а мразите неодреденост.
  • Широки прсти: Сакате оригиналност, и избегнувате рутини.
  • Шилести прсти: Ве интересира сѐ што е необично и мистериозно, а избегнувате секојдневни работи кои ви досаѓаат.

Значењето на растојанието меѓу прстите

Растојанието меѓу прстите во опуштена состојба исто така може да открие некои детали за вашата личност. Така, широко распространетите прсти откриваат дека се работи за независна личност која е отворена кон нови искуства. Ако прстите ви се повеќе доближени еден до друг значи дека сте внимателна или воздржана личност која не сака премногу да открива за себе.

Many Hands raise high up

Ако аголот помеѓу показалецот и палецот е околу 90 степени, тоа значи дека сте великодушна личност со добро срце. Помалиот агол значи дека сте внимателна личност која понекогаш се одликува со рационалност и сомничавост.

Растојанието меѓу домалиот и средниот прст зборува за тоа колку ви е грижа за туѓото мислење. Поширокото растојание значи дека вам ви е грижа за мислењето на другите луѓе за вас, додека пак помалото растојание упатува на личност која е желна за внимание.

Широкиот простор помеѓу домалиот и малиот прст може да значи дека се работи за личност која често ги избегнува важните разговори, заради што може да трпат нејзините односи со семејството или колегите на работа. Просечното растојание помеѓу малиот прст и домалиот прст открива дека се работи за независна личност која многу размислува.

Вашите раце можат да откријат како се согласувате со партнерот

Обликот на дланките може да открие колку сте компатибилни со вашиот партнер. Споредете ги своите дланки со дланките на вашиот партнер и обрнете внимание на должината и изгледот на прстите, бидејќи тоа ги открива разликите, односно сличностите помеѓу вас и партнерот. Еве како стручњаците ги толкуваат поедините карактеристики.

4-shto-otkrivaat-vashite-dlanki-kafepauza.mk

Личностите со долги прсти се многу стрпливи и внимателни кога станува збор за љубовта. Таквите луѓе се многу педантни и обрнуваат внимание на секој детаљ. Понекогаш може да бидат немирни и премногу избирливи. Сакаат да се држат до зацртаните правила и планови. Луѓето со пократки прсти се изразито нестрпливи и по малку ноншалантни личности. Брзи се и остри на јазик, одлични организатори, но не сакаат детали.

Ако имате кратки прсти, а вашиот партнер долги, никогаш не би требало да се впуштате во заедничко преуредување на домот. Неговиот бавен и методичен пристап би можел во потполност да ве излуди и да ве извади од такт. Вие сакате да ги завршите работите набрзина, а тој сѐ сака да прави бавно, што би можело да ве доведе до жестока кавга. Партнерот обрнува внимание на секој детаљ, додека вие немате време да се занимавате со ситници. Вие сметате дека животот е прекраток за да би го губеле времето на деталите.

Доближените прсти означуваат личност која има голема потреба за сигурност и внимание. Таквите луѓе се изразито дружељубиви и не сакаат самотија. Од друга страна, раздвоените прсти се карактеристика на самците. Многу од нив дури имаат асоцијални особини. Тие се самоуверени и снаодливи, но мораат да имаат свој мир и тишина за да ги обноват батериите и својата ментална способност. Така, ако вашиот партнер има таков изглед на прсти, немојте да го сфатите премногу лично ако ви каже дека сака да биде малку сам. Тоа значи дека му е потребен малку мир и самотија за да може да си ги среди мислите. Дајте му време и простор во таквите мигови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар