Што открива за вас периодот од годината во кој сте родени?

Што открива за вас периодот од годината во кој сте родени?

Годишните времиња и разните периоди од годината имаат моќ да ги оформат нашите чувства, однесување и карактеристики уште пред да се родиме. Научните истражувањата говорат дека секој период од годината си носи и карактеристики за оние кои се родени во него.

Што открива за вас периодот од годината во кој сте родени?

1. Бебињата кои се родени во зима имаат мајки кои најчесто се млади, помалку образовани, а неретко и самохрани. Побогатите жени повеќе раѓаат во другите годишни времиња.

2. Оние кои се родени во зима или рана пролет на северната хемисфера имаат поголем ризик да заболат од шизофренија. Една од можните причини е помалата изложеност на сонце за време на бременоста.

3. Повеќето бебиња лазат по седум месеци од раѓањето, а оние кои се родени во зима или рана пролет со тоа почнуваат еден месец порано.

4. Луѓето родени во мај најчесто се оптимисти и позитивно настроени. Тоа може да се должи на тоа што серотонинот поинаку функционира во тој дел од годината.

5. „Ноќните птици“ обично се раѓаат во пролет или лето. Поголемото количество дневна светлина ги припрема новороденчињата за активности подоцна во текот на денот. Обратно, утринските личности се обично родени во есен или во зима.

6. Децата родени во пролет и лето имаат поголеми шанси да се соочат со емоционални нарушувања на училиште. Проблемот може да лежи во изложеноста на инфекции за време на бременоста.

7. Во САД најмногу пораѓања има во август, а на други места во светот тие се различни, но најчесто се во овој период. Претпоставката е дека причината за тоа е студеното време девет месеци претходно кое ги тера луѓето повеќе време да поминуваат на затворено и в кревет.

8. Децата родени во лето и есен имаат поголема можност да бидат кратковиди.

9. Истражувањата спроведени со луѓе кои ја доживеале стотата година покажало дека тие најчесто се родени во есен, можеби поради тоа што не биле соочени со ниски надворешни температури во првиот месец од животот.

10. Бебињата родени во есен и зима подоцна повеќе страдаат од алергии, веројатно поради недостатокот на витамин Д во првите недели од животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар