Што открива должината на одредени делови од телото за вашето здравје?
Големината на различни делови од телото може да открие дали сте изложени на ризик од разни заболувања како што се гихт, висок крвен притисок, срцеви заболувања, па дури и рак. Димензиите на одредени делови од телото се утврдени уште во матката или за време на детството, а некои се резултат на животниот стил. Овие неколку мерења можете да ги направите во вашиот дом и да откриете многу работи за вашето здравје.
1. Должината на нозете во споредба со должината на телото
Како да мерите?
Прво, измерете ја висината, а потоа, седнете и измерете го торзото, од врвот на главата до колковите. Одземете ја должината на торзото од вкупната висина на телото за да ја добиете должината на нозете и ќе го добиете соодносот на нозете и на телото (ако торзото е долго 76 цм, а нозете 100 цм, односот е 30:40).
Потенцијални ризици:
Ако имате релативно кратки нозе во однос на должината на телото, тоа може да го зголеми ризикот од прекумерна телесна тежина или од срцеви заболувања, од дијабетес тип 2 и да предизвика проблеми со црниот дроб, според резултатите од едно истражување што биле објавени во Меѓународниот весник за истражување на животната средина и на јавното здравје.
Кај луѓето со подолги нозе постои ризик од заболување од рак на простатата и на тестисите, како и рак на градите за време на менопаузата, рак на јајчниците и рак на дебелото црево.
Личностите со најдолги нозе, во споредба со нивното торзото, имаат 20 % помал ризик од заболување од деменција.
Што се случува?
Подолгите нозе во однос на должината на телото се знак на брз раст и добра исхрана за време на детството, додека релативно кратките нозе се знак на побавен раст и негативни надворешности фактори, вклучувајќи лоша исхрана, сиромаштија и пушење на мајките за време на бременоста.
Луѓето со подолги нозе имаат поздрави мозочни клетки и помал ризик од деменција.
Според истражувањето направено на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, луѓето со подолги нозе имаат помала веројатност да развијат дијабетес тип 2, а оние со пократки нозе имаат 20 % поголем ризик од заболување.
2. Големина на главата
Во просек, обемот на главата на кај мажите е 58,4 цм, а кај жените 56 цм.
Како да мерите:
Со лента обвиткајте ја главата околу челото над веѓите и на најширокиот дел од задната страна на главата.
Потенцијални ризици:
Помалата глава е поврзана со поголем ризик од деменција. Луѓето со помали глави имаат двапати поголема веројатност за заболување од деменција, а овие резултатите се добиени од истражувањето што било спроведено врз 2.500 стари лица во Сингапур.
Друго истражување објавено во списанието „Клиничка и експериментална невропсихологија“ открило дека луѓето со помал обем на главата и со ниско образование имаат четирипати поголеми шанси за деменција.
Што се случува?
Човечкиот мозок достигнува 93 % од својата целосна големина до шестгодишна возраст, а добриот развој на мозочните клетки во тие рани години обезбедува поквалитетен живот подоцна.
Помалиот обем на главата ја нарушува зрелоста на мозокот, а тоа ја намалува можноста за развивање когнитивна резерва што штити од деменција.
3. Обем на струкот и на колковите
Како да мерите:
Пресметајте така што обемот на струкот ќе го поделите со обемот на колковите.
Потенцијални ризици:
Според Светската здравствена организација, здравиот однос кај жените е 0,85 или помалку, а кај мажите 0,9 или помалку. Овој сооднос е поврзан со обликот на телото. Луѓето што имаат тело со облик на јаболко имаат повеќе масни наслаги околу половината и тие имаат поголем ризик од разни заболувања за разлика од луѓето што имаат тело во облик на круша, односно оние што имаат повеќе масни наслаги околу колковите.
Многу истражувања покажаа дека таложењето масти околу половината е поврзано со поголем ризик од срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и рак.
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија објавено во списанието „Еволуцијата и човечкото однесување“ открило дека децата на жените што имаат тело во облик на круша имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција.
Односот на струкот и на колковите може да укаже на атеросклероза и на васкуларни проблеми, според истражувањето што било направено врз 400 жени од Кореја.
Што се случува?
Луѓето што имаат тело во облик на јаболко имаат поголема веројатност да добијат дијабетес тип 2 бидејќи имаат масни наслаги околу половината, а тие имаат лош ефект врз системот за контрола на шеќерот во крвта.
Децата чиишто мајки имаат тело во облик на круша имаат подобар развој на мозокот благодарение на масните киселини што се наоѓаат во масните наслаги околу колковите.
Можеби ве интересира кои седум работи лошо влијаат врз вашиот имунитет.