Што мислат момците за вас според гаќичките што ги носите?
Секоја девојка носи одреден вид долна облека која одговара на нејзиниот стил и начин на размислување. Некои гаќички се заводливи, а некои слатки, но сепак сите одговараат на карактерот на личноста која ги носи. Барем така мислат момците. Домаќинка, секси заводница, или практична девојка, откријте што говори изборот на вашите гаќички за вас.
1. Чипкаста танга – Нежна, слатка и женствена девојка
Сигурно поседувате по една во сите бои за да ви одговара на расположението во текот на денот и сѐ уште сакате ноќни излегувања.
2. Гаќички со принт – Весела девојка
Сѐ што е со некаков принт (слатки животни, букви, точки…) изгледа малку детски, но некои момци го сакаат тоа.
3. Флертувачка танга – Флерт девојка
Веројатно постојано излегувате од комфорната зона и секогаш сакате да се чувствувате женствено и секси.
4. Слатки килоти – Слатка и културна девојка
Ако носите килоти, тогаш вие сте традиционална домаќинка. Одлично се сложувате со неговата мајка и постојано ги посетувате неговите родители за време на празниците. Дури би му дозволиле да гледа фудбал, додека ѝ помагате на идната свекрва околу ручекот.
5. Боксерки – Фитнес-зависничка
Вие сте обожавател на здравиот живот и времето за фитнес за вас е најубавиот дел од денот. Тие изгледаат толку секојдневно и релаксирано, што кога би можеле би ги носеле секој ден за секакви пригоди.
6. Танга од тул – Фалбаџика
Многу минимална и од многу фин материјал. Вие сте секси заводница која објавила или сака да објави провокативна слика на Инстаграм.
7. Проѕирна танга – Хипстерка
Вие сте девојка која обожува едноставно, а сепак софистицирано. Носите тесни фармерки, морнарски блузи и поседувате неколку парки. А, овој вид гаќички го сакате поради нивната практичност и едноставниот дизајн.
8. Полушорцеви – Бохо-инди девојка
Обожувате летни фестивали, но од необичен жанр на музика кој ретко кој го знае. Најчеста тема за која дискутирате е музиката и имате обичај да го опишувате последниот албум кој сте го слушале на винилни плочи. Ваша најчудна карактеристика е што пиете пиво од шише.
9. Безобразна танга – Агресивна девојка
Ова е агресивно парче долна облека, исто како и нејзиниот сопственик кој знае одлично да се бакнува. Иако изгледаат како долен дел од костум за капење, тие сепак имаат своја убавина.
10. Гаќички со висок струк – Амбициозна девојка
Ако носите ваков пар тогаш вие дефинитивно се фокусирате на вашата работа и исполнувањето на вашите цели. Иако сакате да си играте игри, најголем процент од времето сакате да имате целосна контрола врз нештата.
11. Проѕирни боксерки – Машкуданка
Изгледате како машкуданка, но во вистинските моменти го покажувате вашиот сокриен сексапил. Обожавате да го победувате партнерот во пикадо, сметате дека можете да испиете повеќе од него и мислите дека можете да го победите во билјард.
12. Танга со нитни – Сѐ уште млада во духот
Не можете да ги заборавите вашите средношколски денови. Време е да прифатите дека тој дел од вашиот живот завршил и да започнете да уживате во удопствата на возрасните.
13. Женски килоти со машки крој – Сентиментална девојка
Нема изговор зошто би ги носеле, освен ако ви носат среќа.
14. Непроѕирна танга без рабови – Воркохолик
Тие се толку едноставни и обични што за да ги носите мора да сте премногу зафатени и практични. Голема е веројатноста дека носите униформа за на работното место или дека ја носите истата облека секој ден.
15. Уникатна танга – Зависничка од шопинг
Ако поседувате ваков пар, тогаш вие сте вљубеник во модата и имате слободно време кое го посветувате на шопинг.