Што јадат луѓето во кината ширум светот наместо пуканки?
Јужна Кореја
Во Јужна Кореја, љубителите на киното јадат печени костени додека гледаат филмови. Исто како и во многу други азиски земји, и тука една од најпопуларните закуски е сувата лигња.
Колумбија
Печените мравки, познати како „hormiga culona“ можеби не би биле вашиот прв избор како замена за секојдневните пуканки. Меѓутоа, оваа необична закуска е неминовен дел од гледањето филмови во Колумбија. Мравките имаат уникатен вкус кој многумина го споредуваат со оној на сланината.
Индија
Во индиските кина не само што ќе најдете боливудски ремек-дела, туку и традиционална улична храна. Доколку имате можност, задолжително пробајте ги индиските пирошки во форма на извртени полнети триаголници познати како „samosas“ и сендвичите со компири, односно „vada pav“.
Тајван
Што мислите за пуканки со вкус на пилешко? Јадењето познато како „пилешки пуканки“ е многу популарно во Тајван. Можете да го најдете во ресторани, на улица и во кината. Оваа закуска е толку вкусна што нема да можете да престанете да ја јадете.
Јапонија
Тешко е да се замисли животот во Јапонија без морска храна. Токму затоа, не е никакво изненадување тоа што јапонските кина им нудат на нивните посетители јадење направено од суви сардини, познато како „Iriko“.
Барбадос
Рибините топчиња се голем хит во Барбадос и во другите земји од Карибите. Тие се прават од посолена риба, брашно, прашок за печиво и билки. Ова јадење можете да го најдете во кината на отворено.
Доколку се сметате за љубители на одењето во кино, во продолжение погледнете ги најубавите кина ширум светот.