Што говори костимот за капење на вашето момче?

Што говори костимот за капење на вашето момче?

Исто како жените, така и мажите имаат свој омилен модел на костим за капење. Иако трендовите брзо се менуваат и секоја година на плажите и на базените можат да се забележат нови модели кој се хит, сепак многумина се држат до веќе испробаниот за нив. Но, покрај следењето на трендовите, костимот за капење може да каже многу и за карактерот на човекот кој ги носи. Производителите на костими за капење направиле едно истражување, во кое ги анализирале нивните купувачи и преку тоа ги откриле нивните главни карактеристики.

Што говори костимот за капење на вашето момче?

Боксерки

Класичните боксерки, како што тврдат најпознатите брендови за машки костими за капење, ги опишуваат мажите кои ги носат како спремни за сериозна врска и тие не се плашат од обврските кои произлегуваат од истата. Ваквиот модел најмногу го сакаат традиционалните и по малку конзервативните мажи.

Што говори костимот за капење на вашето момче?

Долги, сурферски костими за капење

Сурферските костими за капење се многу популарни, но тие можат да се носат и за по дома. Токму затоа, тие ги карактеризираат опуштените момчиња кои сакаат екстремен начин на забавување. Иако во нив тие можат да изгледаат помалку несмасно, сопствениците на вакви костими за капење знаат да бидат вистински фраери, свесни за своите предности и многу добри во заведувањето.

Што говори костимот за капење на вашето момче?

Бермуди

Бермудите до колена се најомилениот модел на машки костим за капење. Овој модел ги опишува мажите како опуштени, а нив ги носат луѓе кои се чувствуваат добро во својата кожа и не ги вознемирува ништо. Момците кои носат бермуди со силни бои или изразени дезени сакаат да бидат во центарот на вниманието и не им е проблем да ги изразат своите чувства.

Што говори костимот за капење на вашето момче?

Тесни боксерки

Тесните боксерки ги носат момци кои имаат високо мислење за себе. Доколку сакате да одите на плажа со ваков костим за капење, треба да знаете дека е тенка границата помеѓу самоувереност и нарцисоидност. Исто така, овој модел не му стои убаво на секое момче.

Што говори костимот за капење на вашето момче?

Тесни гаќи

Овој вид костим за капење го обележал минатото, но сепак за него сѐ уште има место под модното небо. Покрај пливачите и ватерполистите, најчесто нив ги носат самоуверени, сигурни и оптимистични момци кои сакаат да ја истакнат својата машкост.

Што говори костимот за капење на вашето момче?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар