Што ги интересира луѓето на Интернет: Во Македонија цената на абортусот, а во Мавританија на робовите

Што ги интересира луѓето на Интернет: Во Македонија цената на абортусот, а во Мавританија на робовите

Изгледа дека пребарувањата на Гугл варираат многу во зависност од земјата во која живеете. На пример, во Македонија, доколку пишете „колку чини“ најпрво ќе ви излезе абортусот, потоа Скопје 2014, па слободата. Од друга страна пак, ако малку го преформулирате прашањето и напишете „колку кошта“, тогаш ќе ви излезе само еден резултат – регистрацијата.

Што ги интересира луѓето на Интернет: Во Македонија цената на абортус, а во Мавританија на робови

Што се однесува до другите места во Европа, повеќето се интересираат за практични нешта поврзани со животот, учењето или купувањето пиво, додека пак во Африка корисниците најмногу пребаруваат за храна, стока и гориво. Од друга страна пак, во Северна Америка најмногу се интересираат за цената на пасошот и патентот. Но, ако погледнете внимателно, може дури и да откриете некои контроверзни резултати од пребарувањето, како проституцијата во Бразил, Украина, Хонг Конг и Летонија, робовите во Мавританија, бубрезите во Иран, како и вештачкото оплодување во Австралија…

Заинтересирани од резултатите кои ги добиле за сите држави во Америка, тимот од веб-сајтот „Fixr“ одлучиле да откријат за што се интересираат луѓето од различни области во светот. Тие почнале да „гуглаат“ едноставни прашања кои ја вклучуваат цената за секоја држава, а потоа резултатите ги поставиле во интересен инфографик со цел да можат да ги споредуваат. Според нивните резултати, може да се извлече следново:

Канаѓаните се заинтересирани за цената на пасошот или напуштање на земјата. Корисниците на интернет од Еквадор најчесто пребаруваат цени на шешири. За проституцијата најмногу се заинтересирани во Бразил и Уругвај, а оние од Чиле најмногу ги интересира цената на кока… Всушност, истражувачите не се сигурни за кој вид станува збор.

Некои од најинтересните резултати од истражувањето за Европа вклучуваат часовници Ролекс во Швајцарија, превоз со јахта во Монако, операција на носот во Албанија и летање со воени авиони во Русија. Што се однесува до Азија, резултатите се различни, што одлично ја покажува разновидноста на културата на овој континент. Најголемата финансиска грижа која ја имаат луѓето во Либан е цената на „SonyPlaystation 3“, во Кувајт ламборгинито, во Ерменија тепихот, додека пак во Јапонија цената на лубеницата.

Во Африка корисниците на Гугл најмногу се загрижени за секојдневен прибор за животните, додека пак во Сиера Леоне луѓето се најмногу заинтересирани за купување дијаманти, а во Мавританија робови. Ако се насочиме кон Океанија, жителите на Нов Зеланд најмногу барале цена за вазектомија, додека пак, оние од Австралија барале цена за вештачко оплодување. Вистински парадокс, се согласувате?

Кога станува збор за цените на Антарктик, најмногу е пребарувана цената на земјиштата. Иако областа таму е прилично непријателска, ја има во изобилство. Набљудувањето на најпопуларните пребарувања ширум светот ни открива колку многу разлики постојат меѓу културите, додека пак истовремено ни ги покажува и сличностите. Тоа исто така ни дава увид и во некои од почудните работи за кои размислуваат луѓето кога се сами.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар