Што да направите со 100.000 долари?

Што да направите со 100.000 долари?

Верувале или не, ова најверојатно се најскапите „тапети“ кои постојат во светот. Ова се ѕидовите на дел од  музејот Гугенхајм во Њујорк, а на нив се наоѓаат 100.000 банкноти од по 1 американски долар. Овие пари се всушност хонорарот кој го добил уметникот Ханс Петер Фелдман за значајни достигнувања во современата уметност. Том сметал дека ова ќе биде уникатен гест за музејот.
70-годишниот Фелдман изјавил дека сумата пари која ја добил има посебно значење за него, бидејќи кога тој започнал да се занимава со уметност во 50-тите години на минатиот век, таа воопшто не била поврзана со парите. Сега, во денешно време, таа е премногу комерцијална. На работниците во музејот им биле потребни 13 дена за да ги закачат сите банкноти, а ѕидовите дури не биле доволно големи за нив, па тие морале да се преклопуваат.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар