Шиндогу – кулминација на јапонската креативност и иновативност
Автор: Дивана
Своите почетоци ги има во раните 80-ти. За нејзин креатор се смета јапонскиот инвентор Кењи Каваками, кој воедно е и основач на интернационалното Шиндогу-друштво. Во буквален превод терминот „Шиндогу“ се преведува како „необична алатка“.

Путер на стапче
Во принцип станува збор за креирање нешта кои не се корисни, но не се ни бескорисни, па следствено се креираат небескорисни работи, продукти на една апсурдна уметност. Шиндогу-уредите се секојдневни алатки, кои честопати се повеќе непрактични од корисни, а нивната употреба е засрамувачка. Даваат решение за конкретни проблеми и предизвици, но тоа често е извор на нови проблеми наместо олеснување.

Чадор за заштита на чевли
Сепак, постојат 10 правила кои издвојуваат една шиндогу-иновација од обичен „новајлиски“ експеримент:
1.Шиндогу не е за реална употреба. Од практична гледна точка мора да е комплетно бескорисно. Ако на каков било начин се увиди корисност и реална употреба, се губи шиндогу-моментот.
2. Шиндогу-уреди реално постојат. Не станува збор за замислени предмети, туку такви што можат да се допрат, видат, слушнат…

Очила со инка за ставање капки за очи
3. Составен дел на секој шиндогу е анархистичкиот дух. Тие претставуваат слобода на мисла и активност. Слобода да се предизвика задушувачката историска доминација на конзервативната корисност во нештата.
4. Тие се алатки за секојдневниот живот.

Апаратче за вртење тестенини на стапче
5. Шиндогу не се за продажба.
6. Хуморот не е основната цел на шиндогу-иновациите.

Вратоврска-чадор
7. Шиндогу не е пропаганда.
8. Шиндогу не се користи за иновации на табу теми.

Бришачи за под
9. Шиндогу-иновациите не се патентираат, тие се слободни за употреба.
10. Тие се креации без никакви предрасуди.

Алатка за работа во градина 10 во 1

Помагало за спиење во метро

Вратоврска со практични џебови
Можностите се бесконечно многу! Во видеото погледнете и како да го спречите солзењето на очите при сечкање кромид, со помош на шиндогу