Шеќер, подароци, семејство: Еве како празниците влијаат на нашиот мозок

Шеќер, подароци, семејство: Еве како празниците влијаат на нашиот мозок

Подароците и искажувањето благодарност можат на различни начини да влијаат да се почувствуваме подобро. Тоа го забележале и истражувачите од Универзитетот од Копенхаген, кои истражувајќи ја мигрената забележале дека одредени центри во мозокот се активираат кога луѓето гледаат празнични содржини, како на пример божиќни фотографии.

(2)-shekjer-podaroci-semejstvo-eve-kako-praznicite-vlijaat-na-nashiot-mozok-kafepauza.mk

Резултатите од ова истражување биле објавени во британски медицински журнал на 16 декември. Погледнете до какви заклучоци стигнале тие:

Нашиот мозок кога подаруваме

(1)-shekjer-podaroci-semejstvo-eve-kako-praznicite-vlijaat-na-nashiot-mozok-kafepauza.mk

Добивањето подароци е прекрасна работа, а истражувањето покажало дека кога подаруваме, центрите во мозокот реагираат исто како и кога добиваме подароци, што е една од причините зошто се чувствуваме толку убаво кога ги даруваме драгите луѓе или оние на кои им е потребна помош.

Нашиот мозок кога се заблагодаруваме

За време на празниците поминуваме многу време со семејството и пријателите и размислуваме колку сме благодарни за сите важни и добри луѓе во нашите животи. Благодарноста ја наградува дарежливоста и го одржува кругот на здравото општествено однесување.

Нашиот мозок под стрес

Празниците не се исполнети само со љубов и семејно дружење, туку и со стресови како што се пазарењето, патувањето, подготовката на храната, грижата за парите… Едно истражување од 2008 година спроведено од американската асоцијација на психолози, покажало дека 8 од 10 личности се под голем стрес за време на празниците, а токму стресот ги прави луѓето нервозни, раздразливи и подготвени за караница.

Нашиот мозок под влијание на шеќерот

(0)-shekjer-podaroci-semejstvo-eve-kako-praznicite-vlijaat-na-nashiot-mozok-kafepauza.mk

Кога консумираме торти и колачи, телото испраќа порака до нашиот мозок со која се активира центарот за наградување. Секако, нема ништо лошо во повременото стимулирање на овој центар, меѓутоа доколку тоа се случува пречесто, доаѓа до послаби реакции, како и појава на нездрава желба за шеќер.

Нашиот мозок и зимската тага

Доколку за време на празниците се чувствувате лошо, за тоа не се виновни празничните денови или потребата од љубената личност. Причина за лошото расположение може да биде сезонско нарушување, што е една форма на клиничка депресија која се јавува повремено во текот на зимскиот период, кога сме помалку изложени на сонце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар