Шармот на малите европски градови
Метрополите се познати и привлечни токму заради својата големина и раскош. За разлика од нив, малите гратчиња поседуваат топлина и мир карактеристични само за нив. Со еден збор, тие имаат душа.
Ви ги претставуваме најубавите мали градови во Европа, кои нема да ве остават рамнодушни.
Салцбург, Австрија (Salzburg)
Впечатливата архитектура во стилот на барокот е тоа што го прави ова место уникатно и интересно. Градот во кој има 3 универзитети, секоја година привлекува студенти од цела Европа. Салцбург е родното место на познатиот композитор Моцарт, што е причина плус да се посети ова гратче.
Мостар, Босна и Херцеговина (Mostar)
Мостар е најзначајниот град во Босна и Херцеговина. Изграден покрај реката Неретва, плени со старите градби кои потекнуваат од времето на Отоманската Империја. Најзначаен симбол на градот е Стариот Мост, по што е и именуван.
Хвар, Хрватска (Hvar)
Хвар е пристаниште во Хрватска. Опкружен со ѕидини во италијански стил изградени во 13 век, Хвар е познато туристичко место за летување.
Пореч, Хрватска (Poreč)
Најзначаен белег на градот е Базиликата Еуфразиан од 6 век, која е заштитена од УНЕСКО од 1997 година. Ова гратче, кое е старо скоро 2.000 години, шармира со својата смиреност и уникатност.
Чешки Крумлов, Р. Чешка (Český Krumlov)
Ова интересно гратче кое се наоѓа во јужниот дел на Р. Чешка, е значајно по својата единствена архитектура и грандиозниот замок, кој по големина е втор веднаш после замокот Хратчани во Прага, главниот град на Р. Чешка.
Карлови Вари, Р. Чешка (Karlovy Vary)
Градот на „кралските бањи“, е познат по многубројните минерални жешки извори, кои често се посетувани од славните личности. Овде се одржува и еден од најстарите, а воедно и најреномираните филмски фестивали во Европа.
Јорк, Англија (York)
Јорк спаѓа во т.н. заѕидани градови, околу кој се изградени ѕидини кои го заштитувале градот во минатото. Ова место има богато културно наследство и претставува центар на значајни политички настани кои се одвивале во минатото.
Колмар, Франција (Colmar)
Ова француско гратче со градби кои наликуваат како да се од бајките, е основано во 9 век. Многубројните музеи се карактеристичен белег на градот, од кои најпознат е музејот Унтерлинден.
Мајсен, Германија (Meissen)
Градот Мајсен се наоѓа во источна Германија и е познат како „центар на Саксонија“. Ова место вреди да се посети за да се види прекрасната катедрала Мајсен изградена во готски стил, порцеланот кој се произведува овде, како и замокот Albrechtsburg.
Кордоба, Шпанија
Кордоба се наоѓа во јужна Шпанија, Андалузија. За време на средниот век, овој град бил престолнина на исламскиот калифат и еден од најголемите градови во светот. Веднаш ќе ве маѓепса со импресивните архитектонски зданија, за кои вреди да се посети.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ste mozele i ohrid da go dodadete na listava!
aj vazi 😉
Одличен избор на тема:-)) кој не би сакал сите да ги посети, па и да живее во нив. 🙂
Ви фали Бриж од Белгија… Brugge – http://whc.unesco.org/en/list/996/gallery/