Шармантното хрватско крајбрежје

Шармантното хрватско крајбрежје

Хрватското крајбрежје е долго дури 1.777 километри, а покрај него има неверојатни 1.246 острови. Посетата на овие или на кои било други места распоредени покрај Јадранот ќе ве плени со својата убавина и медитерански шарм.

Дубровник

Дубровник е најпопуларното место на хрватското крајбрежје. Недопрениот стар дел на градот е синоним за јадранскиот шарм, додека новиот дел е модерен и полн со ресторани и кафулиња.

Шармантното хрватско крајбрежје

Локрум

Локрум го нема шмекот на архитектурата на блискиот Дубровник, но неговата природа сигурно ќе ве освои. Дивите плажи, кристално чистата вода и боровата шума ќе направат да заборавите на она кое штотуку сте го виделе во Дубровник.

Шармантното хрватско крајбрежје

Млет

Островот Млет се наоѓа во близина на Дубровник, а ги привлекува оние кои бараат мир во дивината. Дури 72% од него се шуми, а остатокот им припаѓа на селата и две солени езера. На средината на поголемото од нив им а остров, а на него манастирот Свети Бенедикт.

Шармантното хрватско крајбрежје

Сплит

Покрај убавата архитектура, Сплит ги освојува посетителите и со вкусовите и мирисите од традиционалната далматинска кујна. Прошетката по улиците на овој град ќе ве натера да седнете и да пробате нешто вкусно.

Шармантното хрватско крајбрежје

Задар

Задар не е толку популарен меѓу туристите како што е Дубровник, иако овде може да се вдиши автентичната хрватска култура. Вообичаената слика ја сочинуваат полните кафулиња на малите плоштади, рибарите со своите бротчиња и рестораните од кои се шират мириси кои го отвораат апетитот.

Шармантното хрватско крајбрежје

Ровињ

Најдоброто нешто што може да ви се случи во Ровињ е да се изгубите скитајќи по живописните улички. Нема да се почувствувате непријатно поради тоа. Градот од едната страна граничи со прекрасна шума, а од другата со беспрекорно чистата вода на Јадранското Море.

Шармантното хрватско крајбрежје

Хвар

Во центарот на градот Хвар на истоимениот остров не е дозволен никаков сообраќај со моторни возила (освен електрични), што уште повеќе го засилува впечатокот на град од бајките. На ова место не му недостасува ништо што може да се види и во останатиот дел од Јадранското крајбрежје, а сето тоа најубаво може да се доживее од врвот во близина на Грбље, кој нуди глетка која тешко се заборава.

Шармантното хрватско крајбрежје

Шибеник

Шибеник не е полн со туристи. Тој е одличен избор ако сакате на мира да прошетате по камените улички пред да седнете некаде на брегот и да уживате во погледот кон морето.

Шармантното хрватско крајбрежје

Корчула

Средновековната архитектура на Корчула му го дала прекарот „Малиот Дубровник“. На островот се наоѓа Свети Марко, прекрасна катедрала изградена во готски стил.

Шармантното хрватско крајбрежје

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар