Сексот во староста може да ја подобри работата на мозокот

Сексот во староста може да ја подобри работата на мозокот

Неодамнешното истражување во кое учествувале 28 мажи и 45 жени на возраст од 50 до 83 години открило интересни информации за влијанието на сексот во староста. Им бил даден прашалник на кој требало да одговорат прашања за нивниот сексуален живот. Исто така им бил направен и тест за нивните вербални и визуелни способности, се оценувал нивниот вокабулар, како и способноста да замислуваат предмети. Резултатите покажале дека, во просек, луѓето кои имале секс барем еднаш неделно имале подобри резултати од оние кои имале секс поретко.

Сексот во староста може да ја подобри работата на мозокот

Истражувањето било спроведено од Универзитетот Оксфорд. Претходни истражувања кои ја споредувале работата на мозокот на сексуално активните луѓе со сексуално неактивните луѓе, покажале слични резултати. Но, во овие истражувања не се земало предвид колку често луѓето имале секс. Ниту едно од истражувањата не открило поврзаност помеѓу сексуалната активност и меморијата.

Новото истражување било дел од поголемо истражување чија цел била да открие дали врската помеѓу сексот и работата на мозокот е биолошка. Доктор Хејли Рајт изјавила:

„Потребно е да откриеме какво влијание има сексот на луѓето кои имаат над 50 години.“

Погледнете и кои се здравствените придобивки од редовниот секс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар