Секогаш кога ќе ве навреди некој, вие возвратете со овие мудри зборови
Мудрите зборови на овој старец ќе ви го променат животот. Ако го усвоите ова правило, ќе живеете посреќно и поубаво.
Еден човек јавно навредил еден старец и му го рекол следново: „Вие сте атеист, пијаница и крадец“.
Старецот само се насмевнал како одговор на тие навреди.
Еден млад човек облечен во најдобро одело ја набљудувал случката и го прашал старецот: „Како можеш да толерираш вакво нешто?“
Старецот повторно се насмевнал и му рекол: „Ајде да одиме кај мене, сакам да ти дадам нешто“.
Младиот човек го следел старецот до една прашлива дрвена просторја. Мудриот човек го вклучил светлото и почнал да буричка во плакарот, каде што нашол валкано палто. Потоа го фрлил нечистото палто врз младиот човек и му рекол: „Пробај го, сигурно ќе ти одговара“.
Младиот човек го зел палтото, го погледнал и огорчено му рекол на старецот: „Зошто ми е ова валкано палто? Јас сум добро облечен, вие сигурно сте луд“.
Тој одговорил: „Вие не сакате да го прифатите ова валкано палто. Слично на тоа, јас не сакав да ги прифатам тие валкани зборови што ми ги рече човекот“.
Прочитајте ја и оваа бабина поучна приказна што решава љубовни дилеми.